19 Декември, 2025
0.0412

Охридска банка Сосиете Женерал прогласена за најдобра банка во Македонија

Објавено во: Економија 05 Април, 2018 13:29

Добивај вести на Viber

Трета година по ред, светскиот финансиски магазин Глобал Фајнанс, ја прогласува Охридска банка Сосиете Женерал, за Најдобра банка во Македонија. Публикацијата на Светска Банка, Глобал Фајнанс, 25-ти пат по ред ја објави листата на добитници на престижната награда „Најдобра банка за 2018 година“ за земјите од Централна и Источна Европа. Трета година во низа, единствена банка од Македонија, која го добива ова престижно признание е токму Охридска банка Сосиете Женерал, која неодамна одбележа 10 години од постоењето на Сосиете Женерал во Македонија. 

Ова престижно признание за „Најдобра банка во Македонија за 2018 година“, Глобај Фајнанс и оваа година го додели на Охридска банка Сосиете Женерал, земјаќи во предвид низа објективни и мерливи критериуми како профитабилност, раст на актива, стратешки партнерства, бизнис развој, иновативни производи, но истовремено земајќи во предвид и низа субјективни ставови на аналитичари и експерти од банкарската индустрија.

„Горди сме што трета година по ред од етаблирани светски аналитичари, Охридска банка Сосиете Женерал е препознаена и прогласена за Најдобра Банка во Македонија. Оваа награда е само потврда за посветеноста на целиот тим на Банката кон одговорно и квалитетно делување и остварување на поставените цели. Како дел од банкарската индустрија во земјата, а носејќи ја гордо тежината на нашата Групација, продожуваме за работиме тимски, кон зајакнување на нашата позиција на пазарот, воведувајќи нови иновативни решенија, кои ќе им го олеснат работењето на клиентите од една страна и ќе создадат уште поголема доверба и лојалност од друга страна. Ваквите признанија и меѓународни награди се само уште еден мотив повеќе да продолжиме по патот на остварување на поставените цели, јакнење на учеството на пазарот, создавање нови иновативни производи наменети за нашите клиенти, и секако делување како општествено-одговорна компанија која дава значаен придонес во сите сфери од општественото живеење“, изјави Бранка Павловиќ, Претседател на Управниот Одбор на Охридска банка Сосиете Женерал. 

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии