19 Декември, 2025
0.0850

ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ – Најдобра банка во Македонија за 2016 година

Објавено во: Економија 07 Јули, 2016 13:11

Добивај вести на Viber

Престижниот интернационален финансиски магазин „Еurоmoney“ ја награди Охридска банка Сосиете Женерал со наградата Најдобра банка во Македонија за 2016 година.

Оваа реномирана награда е уште една потврда за успешното работење на банката, што покрај успешните резултати, несомнено се должи и на континуираниот оперативен развој, диверзификацијата на портфолиото, како и на професионалната посветеност на сите вработени во насока за задоволување на потребите на клиентите на финасискиот пазар во секоја сфера на финансиското работење.

„Наградата од Еurоmoneyе значајно признание за нашата секојдневна работа посветена на најдоброто, производите и на услугите што им ги нудиме на нашите клиенти, финансиската стабилност, профитабилноста, ликвидноста и солвентноста на пазарот на којшто работиме. Оваа награда им ја посветуваме на сите наши клиенти кои континуирано ни ја даваат својата доверба и поддршка, што за нас претставува мотив да продолжиме во истата насока”, изјавува Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

„Euromoney“ претставува водечки авторитет на светските банкарски пазари. Тој преку својот единствен и уникатен пристап до најважните и највлијателните финансиски анализи обезбедува досега несоборливи инпути и информации до луѓето и деловните субјекти, кои го предводат развојот на финансиските пазари.

Пристапот преку кој новинарскиот тим на „Еurоmoney“ ги дефинира постулатите на успех во банкарскиот сектор е основната платформа за доделување на наградите за најдобра банка, покривајќи преку 100 земји насекаде низ светот, со што воедно претставува и најчесто користена референтна основа за оцена на постигнатите деловни успеси во полето на банкарското работење. Повеќе од 50.000 банкарски клиенти годишно активно учествуваат во барем едно од многуте истражувања што „Еurоmoney“ ги прави на полето на девизните пазари и размена, приватното банкарство и во управувањето на готовинските текови, а кои според квалитетот и објавените резултати се препознаени и признати како најважни и најреферентни во целокупниот банкарски сектор.

Ова е втора награда којашто е доделена на Охридска банка Сосиете Женерал од страна на „Еurоmoney“ во оваа категорија. Првата ваква реномирана награда Охридска банка Сосиете Женерал ја добива во 2010 година, кога за првпат е прогласена за најдобра банка во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?