11 Декември, 2025
0.0328

ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈAНЕЦ КОЈ НАПАДНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ - го пресретнал на булевар и без причина го удирал со тупаници и клоци по лице и тело

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2025 12:42

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против повозрасен граѓанин за кривично дело – Насилство врз дете од член 201а од Кривичниот законик.

Осомничениот е 53-годишник кој на 11 ноември нападна 12-годишно дете кое од повредите заврши во болница. 

- Додека детето се движело со велосипед по булеварот “Крсте Мисирков”, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и без повод и причина агресивно го нападнал со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото.

Во еден момент извадил и нож со кој замавнал кон детето, а потоа со дршката го удрил по главата.

Детето успеало да се оттргне и да побара помош од случајни минувачи. Осомничениот го зел велосипедот од оштетеното дете, му ги исекол двете гуми и го фрлил кон булеварот со намера да го оштетат возилата кои поминувале. Потоа со моторот го напуштил местото на настанот, додека пак оштетеното дете било пренесено во Ургентниот центар - појаснуваат од ОЈО. 

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.

За настанот пред неколку дена информираше МВР, од каде соопштија дека 12-годишно дете било нападнато и избодено со остар предмет во скопски Центар, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Според информациите од МВР, инцидентот го пријавил Г.М. (39) од Скопје кој посочил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од лице со иницијали Б.Љ. Напаѓачот, според пријавата, по вербална расправија му нанел расекотина со остар предмет и му го оштетил велосипедот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста

Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“

Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас

Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас

Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат

Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат

Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе

Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе

Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста

Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста

ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани

ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани

Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии

Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии

„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов

„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов