ОЈО отвори предмет за софтверот на Рашковски
Објавено во: Македонија 18 Март, 2021
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“.
„Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација. По наредбите ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Во меѓувреме, откако беа издадени наредбите, Министерството за внатрешни работи до обвинителството достави известување во врска со нивното постапување во случајот.“, велат од ОЈО.
Станува збор за софтверот кој го набавил Драги Рашковски. Тој го набавил пред 8 месеци од фирмата „Инвока груп“. Ја платил 81 илјада евра со цел да се употребува во рамките на проектот „ Безбеден град“ на МВР. Но, оттаму претходно информираа дека таквиот софтвер нити го користат, ниту планираат да го користат затоа што работат на нов проект.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.