Океанот од една, Андите од друга страна – футуристички хотел во Перу
Објавено во: Стил
19 Август, 2013 18:32
Добивај вести на Viber
Перу ќе и конкурира на Кина со својата футуристичка архитектура преку проектот наречен „ Неурамнотежен хотел", кој личи на рамка на слика поставена на работ на карпа, соопштува Daily Mail.
Поставен врз карпета структура, дизајниран е од мадридската архитектонска компанија OOIIO и ќе изгледа како рамка.
Хотелот е навален, бидејќи ќе биде изграден на крајбрежна карпа крај главниот град Лима. Формата дозволува низ него да се гледа океанот, ако биде погледнат од едната страна, а од другата да се гледаат Андите.
Градителите се надеваат дека наскоро ќе добијат дозвола, па футиристичкиот хотел ќе стане новото обележје на Перу. Според проектот, хотелот ќе располага со 125 соби за гости, како и ресторани и конференциски сали за корпоративни настани.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: