18 Декември, 2025
0.0433

Околу 1.000 стечајци кои 15 години се без денар чекаат обештетување

Објавено во: Економија 02 Март, 2021 07:33

Добивај вести на Viber

Во Македонија околу 1.000 стечајци кои 15 години се без денар чекаат обештетување, вели Лилјана Георгиевска од Здружението на стечајни работници УНИТ.

Станува збор за луѓе кои долги години немаат никакви примања, а најголем дел од нив се од Куманово, Велес и Штип. Георгиевска се надева дека со новиот закон, ќе бидат опфатени оние кои се најстари и најизнемоштени стечајци и дека и тие ќе добијат помош од државата.

„Тоа се луѓе кои со години се без примања, и живееја многу тешко, или на товар на децата или од социјална помош. Се надевам дека со новиот закон ќе бидат обештетени. Треба да се седне и да се утврдат критериумите, засега нема детали и не можам ништо повеќе да кажам. Очекувам дека законот ќе излезе во март, за да се аплицира во април, мај, пред да бидат распишани локалните избори. Досега во повеќе наврати беа обештетени околу 13.000 стечајци“, вели таа.

Во меѓувреме, се анализира ново законско решение за стечајците. Премиерот Зоран Заев минатата недела одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, изјави дека Владата и Министерството за труд и социјална политика прават анализа за евентуално ново законско решение со кое би се опфатила малата група стечајни работници, кои не ги исполнија условите за решавање на нивното прашање во согласност со условите од претходните законски решенија. Статусот не им е решен поради преодот oд државни во приватни претпријатија. Заев смета дека со олеснување на критериумите ќе биде опфатена и таа мала група на стечајци. Премиерот објасни дека со досегашните решенија биле опфатени 95 проценти од стечајните работници во државата. За време на владеење на претходната власта, стечајците многу пати излегуваа на протести и бараа државата да им помогне, затоа што долги години работеле и придонесувале за општеството.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа