Околу 320 000 имоти во Бугарија се во сопственост на Руси
Објавено во: Балкан 23 Мај, 2016
Најголем процент од луѓето кои сакаат да купат имот во Бугарија се од Русија.
Приближно 320 000 недвижности, се во сопственост на руски државјани, претежно во црноморски и други туристички региони. Интерес за купување имот во Бугарија има и од други земји, меѓу кои се Украина, Узбекистан, Таџикистан, Казахстан. Според експертите купувачитe руски граѓани, не се со премногу високи примања и не припаѓаат на елитата.
Тоа се сосема нормални луѓе кои имаат релативно стабилни приходи, кои во споредба со бугарските, се многу повисоки. Тие располагаат со можности и за нив купување на стан во Бугарија е прифатлив чекор, велат познавачите.