7.000 ЛУЃЕ ОДАТ ВО КАРАНТИН: Се појавија две големи жаришта на коронавирусот во Германија
Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Јуни, 2020
Германија има две големи жаришта на коронавирусот.
Се работи за една кланица и еден комплекс на згради во Берлин. Во двата случаи се работи за сиромашно население, кои живеат и работат на мал простор.
Со најмалку 657 заразени, најголемата германска кланица и фабрика за преработка на свинско месо „Тенис“ е ново жариште на коронавирус. Производството привремено е сопрено, а во областа Гитерслох, во која се наоѓаат погоните, затворени се сите училишта и градинки. Околу 7.000 луѓе се ставени во карантин.
Од компанијата „Тенис“ информираа дека можни причини за нагло ширење на заразата се ниските температури во производствените хали и заминувањето на работниците дома во текот на неодамнешните празници.
Повеќето вработени во германската месна индустрија се главно од Романија, Бугарија и Полска.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.