19 Мај, 2024
0.0300

ОКТА ја подобрува својата оперативна профитабилност и понатаму го зголемува пазарниот удел

Објавено во: Економија 15 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Оперативните резултати на ОКТА од првиот квартал на 2015 година се подобрени споредено со истиот период изминатата година. Компанијата успеа да го зголеми својот пазарен удел и покрај тоа што нафтениот пазар во земјава не покажува значителни знаци на опоравување. Ова подобрување, комбинирано со зголемувањето на меѓународните цени и понатамошното намалување на трошоците, доведоа до значително подобрување во остварената ЕБИТДА од 86 милиони МКД во првиот квартал од 2015 година споредено со -38 милиони МКД во првиот квартал во 2014 година. Од друга страна, финансиските резултати беа влошени за 50 милиони МКД како резултат на јакнењето на курсот на американскиот долар што доведе до загуба пред оданочување за првиот квартал од годината од 33 милиони МКД. Сепак, овие финансиски резултати се многу подобрени во споредба со минатогодишната загуба од 265 милиони МКД, која што беше оптоварена со програмата за доброволно пензионирање од 174 милиони МКД. okta Во исто време, ликвидноста на ОКТА на крајот од кварталот продолжува да се подобрува со расположливите парични средства кои ги надминуваат позајмиците за 135 милиони МКД. Менаџментот очекува ликвидноста да продолжи и да помогне во постигнувањето на целта на зголемување на пазарниот удел и истовремено да ја поддржува инвестициската програма за надградба на инсталациите и за достигнување на најновите стандарди за заштита на животната средина. Паралелно со унапредувањето на финансиските перформанси, ОКТА останува фокусирана на својата општествено одговорна компонента. Посветена на својата улога во заедницата, компанијата редовно поддржува различни проекти и програми поврзани со здравјето, образованието и заштитата на животната средина. Продолжувањето на националната кампања „Шанса за живот” наменета за донирање на Клиниката за детски болести Скопје, поттикнувањето на вработените да учествуваат во различни хуманитарни акции, како и новиот циклус на проширената практикантска програма, се само дел од активностите што ја потврдуваат посветеноста на ОКТА позитивно да влијае на општеството во целост. Во 2014 година, ОКТА го комплетираше процесот на трансформација и стана пример за брзодвижечка, и фокусирана кон потрошувачот, логистичка и трговска компанија. Како една од најголемите нафтени компании во Југоисточна Европа, ОКТА покрива повеќе од половина од потребите за гориво на земјата. Со својата обновена логистичка инфраструктура и проширената мрежа на бензински пумпи низ целата држава, ОКТА има значајна улога во економија на земјата, нудејќи единствена комбинација на квалитетни производи и услуги во енергетскиот сектор.

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија