19 Декември, 2025
0.0447

ОКТА ќе исплати 3 милиони евра дивиденда! Во Македонија остануваат повеќе од 400.000 евра

Објавено во: Економија 28 Април, 2025 07:45

Добивај вести на Viber

Најголемиот поединечен акционер ќе наплати 85,6 отсто од нето дивидендата. УЈП ќе наплати околу 300.000 евра за данок, а домашните акционери физички лица (повеќе од 900 н.з.) ќе поделат околу 107.000 евра. Нето дивидендата ќе биде 216 денари по акција

ОКТА, најголемата македонска компанијата за трговија на големо со нафтени деривати и поранешна рафинерија е подготвена да подели 2,97 милиони евра бруто дивиденда. Предлогот е објавен на веб страницата на Македонската берза во форма на предлог одлука за претстојното акционерско собрание што треба да се одржи на 29 мај годинава.

Предлогот предвидува бруто дивиденда во износ од 240 денари по акција односно по одбитокот на данокот нето дивидендата би била 216 денари за акција. Покрај акционерите дел од парите, поточно речиси 300.000 евра ќе ги добие централниот буџет откако УЈП ќе го наплати данокот (персоналец или данок на задршка за правни лица).

ОКТА ќе исплати дивиденда во нето износ од 2,67 милиони евра. Од тоа во Грција на сметката на доминантниот акционер – грчката државна нафтена компанија Е.Л.П.Е.Т ќе бидат пласирани околу 2,5 милиони евра.

Околу 107.000 евра ќе поделат нешто повеќе од 900 домашни физички лица – мали акционери кои не ги продадоа своите акции во оваа компанија. Тие контролираат 4 отсто од акциите во ОКТА. Е.Л.П.Е.Т Балканите Петролеум контролира 85,6 отсто од акциите, а 10 отсто се во сопствен откуп на скопска ОКТА. Согласно актуелната правна регулатива што ја регулира оваа област сопствените акции немаат право на глас на собрание ниту носат право на дивиденда.

Само за потсетување по откупот на сите акции на вториот најголем акционер „Пуцко Петрол“ ОКТА до октомври откупуваше акции од сите мали акционери по фер цена која изнесуваше 90 евра за секоја акција.

ОКТА претходната година не исплати дивиденда. Според официјалните податоци оваа компанија последен пат исплати дивиденда од добивката за 2022 година и тоа во бруто износ од 218 денари за акција.

Во однос на последната пазарна цена на таа акција дивидендниот принос е 4 отсто.

Дивидендата ќе биде исплатена на 29 јули, а право на дивиденда има секој акционер што ќе биде евидентиран во книгата на акционери на 26 јуни годинава.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии