19 Декември, 2025
0.0427

„Окта“ отпушта вработени

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2014 23:40

Добивај вести на Viber

Рафинеријата „Окта“ го намалува бројот на вработени. До понеделник 186 работници кои се на списокот како кандидати за доброволно заминување со отпремнина треба да се изјаснат дали се согласуваат со понудените услови. Од „Окта“ објаснуваат дека не се работи за присилно заминување, туку  за стандардна политика на компанијата да им понуди можност на вработените доброволно да го прекинат работниот однос. На листата се вработени што имаат седум или помалку години до пензија, на кои им се нудат неколку варијанти за заминување. Така, на пример, оние што имаат пет години до пензија би добиле испратнина во висина на 36 плати. Досега од сите 186 лица, 120 се изјасниле дека сакаат да заминат во пензија со отпремнина. Рафинеријата не преработува сурова нафта повеќе од една година. Менаџментот на компанијата тврди дека тоа е во интерес и на сопствениците, но и на вработените бидејќи производството создава загуба. Според нивните пресметки, при работа се создаваат загуби од 70 до 75 долари за секој преработен тон сурова нафта. Дури 3 милиони евра загуба прокнижи единствената рафинерија во Македонија во првите три квартали од изминатата година. За разлика од лошите 2013-та и 2012-та, рафинеријата која продава и на домашниот, но и на српскиот и косовскиот пазар, во 2011 година оствари профит од 4,9 милиони евра.  

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии