ОКТА станува главен снабдувач на гориво
Објавено во: Економија 29 Февруари, 2016 17:55
Оперативните резултати на ОКТА од првиот квартал на 2015 година се подобрени споредено со истиот период изминатата година. Компанијата успеа да го зголеми својот пазарен удел и покрај тоа што нафтениот пазар во земјава не покажува значителни знаци на опоравување.
Ова подобрување, комбинирано со зголемувањето на меѓународните цени и понатамошното намалување на трошоците, доведоа до значително подобрување во остварената ЕБИТДА од 86 милиони денари во првиот квартал од 2015 година споредено со -38 милиони денари во првиот квартал во 2014 година. Од друга страна, финансиските резултати беа влошени за 50 милиони денари како резултат на јакнењето на курсот на американскиот долар што доведе до загуба пред оданочување за првиот квартал од годината од 33 милиони МКД. Сепак, овие финансиски резултати се многу подобрени во споредба со минатогодишната загуба од 265 милиони МКД, која што беше оптоварена со програмата за доброволно пензионирање од 174 милиони денари.
Во исто време, ликвидноста на ОКТА на крајот од кварталот продолжува да се подобрува со расположливите парични средства кои ги надминуваат позајмиците за 135 милиони денари. Менаџментот очекува ликвидноста да продолжи и да помогне во постигнувањето на целта на зголемување на пазарниот удел и истовремено да ја поддржува инвестициската програма за надградба на инсталациите и за достигнување на најновите стандарди за заштита на животната средина.
Паралелно со унапредувањето на финансиските перформанси, ОКТА останува фокусирана на својата општествено одговорна компонента. Посветена на својата улога во заедницата, компанијата редовно поддржува различни проекти и програми поврзани со здравјето, образованието и заштитата на животната средина. Продолжувањето на националната кампања „Шанса за живот” наменета за донирање на Клиниката за детски болести Скопје, поттикнувањето на вработените да учествуваат во различни хуманитарни акции, како и новиот циклус на проширената практикантска програма, се само дел од активностите на ОКТА.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




