22 Ноември, 2024
0.0402

ОЛ ИНКЛУЗИВ ТЕШКО БЕЗ ШВЕДСКА МАСА - хотелите стартуваат, цените ќе одат надолу

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Во време на голема загриженост како во наредниот период ќе се развива ситуацијата со ширењето на коронавирусот, долгоочекуваните протоколи за работа на хотелите се веќе донесени. 

Со нив се предвидуват бројни правила, кои ќе донест големи промени во хотелското работење, кое стартува веќе од понеделник наредната недела.

Од влезот, преку рецепцијата, до забрана на шведската маса, па се до измени во собите за гостите, се големиот број услови што ќе мора да ги почитуваат хотелските работници.
Хотелиерите со кои разговараше Фактор велат дека се подготвени да работат по новите протоколи, за кои праксата најдобро ќе покаже дали имаат евентуални недостатоци. Сметаат дека протоколите се малку задоцнети, односно можеле да се донесат десетина дена или една недела порано, бидејќи ситуацијата претходно беше помалку загрижувачка отколку сега.
„Пред три недели имавме 350 болни од коронавирусот во земјава, сега се над 2.500, па прашање е кога мерките требало да бидат построги“, велат дел од познавачите на хотелското работење.
Како што и самите забележуваат, во протоколите за работењето на хотелите главен акцент се става на одржувањето на хигиената и држењето на дистанцата.
„Во тој дел ќе мораме да бидеме беспрекорни. Нема да смееме да се доведеме во ситуација да ни се разболи ниту еден вработен, бидејќи ако тоа се случи, ќе мора да оди во карантин 14 дена целата смена, па дури и цел персонал доколку имале контакти, а тоа ќе значи дека и целиот објект ќе мора да се затвори на две недели“, вели за Фактор Крсто Блажевски, претседател на Хотелската асоцијација на Македонија, ХОТАМ.

Според него, протоколите за работа на хотелите се такви какви што се. Ниту една мерка, вели тој, нема секогаш за сите да биде прифатлива и секогаш некому нешто ќе му недостига. Но, смета дека треба да почекаме и да видиме како протоколите ќе функционираат во пракса, а некои работи ќе се решваат и во од. 
Најбитно за хотелите е да почнат да работат, иако бројот на гости ќе биде намален.
Она што го истакнуваат како проблем што ќе се појави од протоколот, е како ќе се организираат ол инклузив аранжманите. Иако во многу помал број, одредени странски гости веќе имаат направено резервации за ол инклузив аранжмани.
„Проблемот за овие аранжмани е што шведската маса е забранета, а овие ол инлузив аранжмани се организираат токму на принципот на шведска маса, односно и ладна и топла храна да има постојано на располагање за гостите. Е сега таа не е дозволена, што значи дека храната ќе мора да ја служат келнери. Тоа значи дека ние ќе мора да вработиме многу повеќе персонал. Проблемот со пијалоците, пак, ќе го средиме на тој начин што тие ќе се послужуваат на шанковите. Сепак, сметам дека не треба да даваме премногу забелешки на протоколите, треба да им се даде шанса. Прво да почнеме да рабтиме, да видиме како ќе профункционира и потоа ќе се решаваат и недостатоците“, вели Блажевски. Објаснува дека нема да биде проблем да се обезбедат чисти чаршафи за масите, но и завиткан прибор за јадење за гостите. 

„Факт е дека ќе имаме и повеќе обврски и повеќе работа. Всушност, сега најголеми добитници ќе бидат оние кои ќе имаат најмали загуби во работењето, односно ќе успеат да покријат најмногу трошоци. Значи, добивки нема да има“, објаснува Блажевски, кој е и прв човек на хотелот „Дрим“ во Струга.
Овој хотел нема да стартува веќе од понеделник, туку неколку дена потоа, бидејќи претходно ќе се прават сите дезинфекции и чистење, со специјални озонери, бидејќи извесен период служеше и како државен карантин. Блажевски веднаш не очекува многу туристи, бидејќи стравот кај луѓето е уште голем, ќе треба време за да се охрбрат. А, веќе се изгубени два месеци, бидејќи сезоната кај нив почнувала уште од април. Сепак, за разлика од странските туристи кои ќе изостанат, се очекуваат повеќе домашн гости.
Намалената побарувачка за користење на хотелските услуги ќе доведе и до намалување на цените, очекува Блажевски. 
„Ако нема побарувачка, цените ќе мора да паѓаат, како што веќе се случи во Грција и во Црна Гора. Доколку, пак, некој хотел нема математики да работи по тие пониски цени, тогаш може и да затвори на одреден период“, објаснува Блажевски. 
Или, според неговите пресметки, во хотел со 4 ѕвезди во земјава, полупансион за две лица би чинел вкупно околу 50 евра, што е многу пониска цена од претходно, и ќе биде достапна за домашните туристи, кои се очекуваат во многу поголем број од претходно.
Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат