ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

Објавено во: Свет 14 Мај, 2024 20:34
Француската престолнина Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од Oлимписките игри.
Олимписките и Параолимписките игри треба да генерираат економски придобивки во износ меѓу 6,7 и 11,1 милијарди евра за Париз и регионот Ил де Франс. Ова го пресметаа Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Организацискиот комитет на игрите во Париз во студија која денеска ја објави Центарот за право и спортска економија (ЦДЕС). Студијата има ажурирани податоци во споредба со пресметките во 2016 година, кога Франција беше избрана за домаќин на Олимпијадата. Тогаш беше проценето дека економските придобивки за француската престолнина и за регионот ќе бидат меѓу 5,3 и 10,7 милијарди евра. Сè уште не е направено истражување за потенцијалниот профит за територијата на целата држава. Проценките на ЦДЕС се однесуваат na економски придобивки кои ќе се пријавуваат во следните десет години врз основа на туризмот, изградената инфраструктура и организацијата.
Можеби ќе ве интересира
ЛАВРОВ ОТКРИ КОИ СЕ ГЛАВНИ УСЛОВИ ЗА МИР ВО УКРАИНА - признавањето на рускиот идентитет на окупираната територија е предуслов за преговори

КОИ СЕ КАРДИНАЛИТЕ ШТО ГО ИЗБИРААТ СЛЕДНОТ ПАПА? - еве од каде доаѓаат, Европејците не се мнозинство

„ТОА Е КАПИТУЛАЦИЈА, УКРАИНА ДА НЕ ПРИФАЌА“: германскиот министер за одбрана тврди 'ваков договор можеа да постигнат пред една година'
ДРАМА НА ЛЕТОТ ОД ВАШИНГТОН ДО ЛОНДОН - поради птици во кабината се појавил чад

НАПАД СО АВТОМОБИЛ ВО ВАНКУВЕР: Загинаа најмалку 11 луѓе

СЕ ЈАВИЈА ДВЕ ЗЕМЈИ: Ќе го отплатат долгот на Сирија

(ВИДЕО) MAЖ СО ПОТЕКЛО ОД БОСНА УБИ ЧОВЕК ВО ФРАНЦИЈА: Го избодел во џамија, го снимал и видеото го испратил на колега

СЕ „ТОПИ“ ПОДДРШКАТА ЗА ТРАМП: Паѓа рејтингот на американскиот претседател

ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА УШТЕ СПРОВЕДУВААТ ОПЕРАЦИИ ВО КУРСК: Се пофали дека тестирале ракета со дострел од 1.000 километри
