19 Декември, 2025
0.1029

Оливер Деркоски, поранешниот претседател на ДИК, стана бизнис директор

Објавено во: Економија 02 Јуни, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, е назначен за директор на едно од двете официјални депоа во Македонија за најголемите бродски компании во светот како Маерск, Евергрин, COSCO, Хапаг Лојд и други.

Депото „Блу Бел“ во Гази Баба со кое ќе раководи Дерковски е на „Навико Шипинг“, компанија специјализирана за бродско-контејнерски транспорт на стоки за Македонија која е највисоко рангирана во регионот. Второто депо на оваа компанија е во Гевгелија на самата граница со Грција.

„Навико Шипинг“ има повеќе од 2000 клиенти со промет од над 16.000 бродски контејнери годишно, а најмногу раководи со суровините што доаѓаат во земјава од Кина и Индија, при тоа градежни материјали, пластика, памук главно од и до пристаништето во Солун.

Деркоски е поранешен директор на Македонски железници - Транспорт, а интересно е тоа што „Навико Шипинг“ е една од компаниите кои најмногу ги користат услугите на ова претпријатие за транспорт на стока во Македонија. Потоа тој во 2018 беше избран за претседател на ДИК, функција која ја извршуваше до 2021.

Во телефонски разговор тој ни ја потврди информацијата, но рече дека се уште е рано да дава детали за своите активности околу новиот ангажман. Подоцна не успеавме повторно да го исконтактираме.

„Навико Шипинг“ им овозможува на своите партнери да не ги преземаат контејнерите од пристаништето Солун, туку од депоата во Скопје и во Гевгелија. Компанијата е една од првите приватни и најголеми шпедитери во Македонија која е основана како семејна компанија во 1996 година.

Опслужува и некои од Top Fortune Global 500 компаниите на листата. Има до 200 вработени а делокругот на работата е испорака со контејнери, посредување, изнајмување на бродови, царински формалности, операции во депо, транспорт и масовен товар.

A.K.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии