29 Септември, 2024
0.0321

ОЛИВЕР СПАСОВСКИ БИ САКАЛ ДА БИДЕ И ВО НОВАТА ВЛАДА - лидерот и Централниот одбор ќе ги донесат конечните одлуки

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

По изборот на новиот претседател на СДСМ, ставот на министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, е дека претседателот на партијата треба да биде и премиер, заради тоа што, како што појасни, сепак првиот човек на партијата ја има и најголемата одговорност во носењето на одлуките и најдобро може да се носат одлуките што се базираат на исти вредности и во партијата и во владата. Очекува прво и посилен и пообединет Социјалдемократски сојуз, а тоа ќе значи, појаснува, и наметнување нов начин во водењето на партијата, поуспешен од тоа што бил веројатно досега. Истакна дека имало исклучително добро водство од страна на претседателот Зоран Заев, направено е многу за партијата, направено е многу и за државата.

„Многу храбро и многу визионерски одлуки коишто се донесоа и мене ми е и чест и гордост што бев дел од тоа раководство и бев еден од соработниците на претседателот Зоран Заев. Меѓутоа, со не помала верба и во новиот претседател Ковачевски во неговите мудри одлуки за тоа кој ќе биде дел од раководството, кои ќе бидат приоритетите во овој момент за да продолжиме уште посилно. Секако дека најважно ќе биде единството. Најважно ќе биде колку секој од нас ќе даде поддршка во напредокот на партијата, вели Спасовски за МИА.

Еве дел од прашањата и одговорите.

Министре, се случи избор на нов лидер во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Какви се вашите очекувања од новиот лидер, во која насока мислите дека ќе се движи партијата и дали сметате дека лидерот на СДСМ треба да биде и премиер на Владата или треба тие две функции да бидат одвоени?

Прво, јас сум задоволен што навистина такви демократски процеси коишто ги воспоставуваме во партијата се добри за демократијата во партијата, се добри за демократијата во државата, се покажаа како многу исправни и во овој момент. Знаете, ова се веќе втори внатрепартиски избори, избори во коишто имаше повеќе кандидати за претседател на партијата, избор во којшто сите имаа еднаква шанса да се претстават пред членовите. Членовите имаа можност да излезат да го дадат својот глас и да одберат лидер. Сум задоволен што во една фер, демократска атмосфера преку зачувување на достоинството и на кандидатите и на партијата сите заеднички успеавме да избереме нов претседател на партијата, Димитар Ковачевски. Тој имаше своја програма, таа беше под мотото „Заедно посветени и одговорно“, ги претстави трите клучни принципи за работењето во партијата. Тоа е прво и основно единство во партијата. Второ, креирање државни политики врз основа на социјалдемократските принципи и вредности и секако фер шанса за секој што има професионален капацитет да придонесе кон подобрување на состојбите во државата. Тие се основни столбови што беа платформа пред членовите на партијата и јас очекувам дека сето ова ќе се ефектуира низ политиките на работењето на претседателот и на новото раководство. Секако дека очекувам прво посилен и пообединет Социјалдемократски сојуз, а тоа ќе значи и наметнување на нов начин во водењето на партијата, поуспешен од тоа што бил веројатно досега. Јас можам да истакнам дека имавме исклучително добро водство од страна на претседателот Зоран Заев, направено е многу за партијата, направено е многу и за државата. Многу храбро и многу визионерски одлуки коишто се донесоа и мене ми е и чест и гордост што бев дел од тоа раководство и бев еден од соработниците на претседателот Зоран Заев. Меѓутоа, со не помала верба и во новиот претседател Ковачевски во неговите мудри одлуки за тоа кој ќе биде дел од раководството, кои ќе бидат приоритетите во овој момент за да продолжиме уште посилно. Секако дека најважно ќе биде единството. Најважно ќе биде колку секој од нас ќе даде поддршка во напредокот на партијата. А во однос на ставот за тоа дали треба да биде еден човек претседател на партија и премиер мојот став е да, треба да биде заради тоа што сепак првиот човек на партијата ја има и најголемата одговорност во носењето на одлуките и најдобро може да се носат одлуките коишто се базираат на исти вредности и во партијата и во владата. Секако дека тоа е огромен товар, тоа не е лесно, ама мора да бидете пред се визионери, да знаете што и како ја гледате државата после 10 години затоа што тоа е би рекол големината, меѓутоа и очекувањата од еден претседател на партија да е визионер, да е храбар, да не калкулира во носењето на одлуките затоа што најважно е што ќе направите за државата и за граѓаните не сами за себе и во тој поглед сметам дека би било добро да и претседател на партијата и претседател на владата биде една личност.

Се најавува и новиот состав на Владата, дали Вие се гледате во новиот владин кабинет на истото место како министер за внатрешни работи или можеби постојат некакви очекувања доколку се раздвојат овие две работи премиерското место и претседателот на партијата дали можеби имате некакви амбиции за тоа место?

Важно е сега да му оставиме простор на новиот претседател да го формира раководството на партијата бидејќи тоа ќе биде основа за носење на сите понатамошни одлуки. Секако дека кога ќе се започне тој процес на создавање нова влада, ние сѐ уште немаме отворено процес за создавање нова влада, кога ќе се отвори тој процес на создавање нова влада органите на партијата треба да утврдат мандатар врз основа на таа влада, претседателот на државата треба да го додели тој мандат за да започнат сите рокови коишто ќе течат. Јас ги напоменав принципите врз основа на коишто ќе се води новиот претседател врз основа на програмата. Тие принципи се, реков, единство во партијата, креирање политики и одлуки базирани на социјалдемократските вредности и, секако, давање фер шанса на секој да биде вграден во идните структури, дали е тоа во партијата, дали на Владата итн. Кадровските решенија ги прават органите на партијата. Значи, претседателот и Централниот одбор на партијата ќе ги донесат конечните одлуки за тоа кој ќе биде дел од таа нова влада и во тој дел апсолутно личното мое размислување, позиционирање не е важно. За мене е важно како ќе се поставиме како партија и како ќе се поставиме како луѓе коишто ќе се одговорни за водењето на државата и на граѓаните. За мене што е најважно? За мене е најважно одлуките што ќе бидат донесени сите ние да ги испочитуваме докрај и да помогнеме колку што ќе можеме и ако за тоа има потреба и во рамките на партијата и во рамките на Владата, така што секој од нас треба од личното да биде растоварен поради тоа што општото, државниот интерес, интересот на граѓаните е многу важен.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна