Омаж за „ОХИС“: Некогашната национална гордост што го переше целиот Балкан
Објавено во: Економија 22 Јуни, 2016 08:31
Пред неколку дена осамна веста дека ОХИС оди во стечај затоа што не се може повеќе и понатаму. Агонијата на овој хемиски конгломерат заврши или е пред свршен чин. Судбини на луѓе, изгубено стручно знаење. Одамна требаше да се мисли на тоа.
Како да се консолидира гигантот и да како да остане столб на македонската економија во новото пазарно време. Како да остане конкурентен и да биде брана на увозот за хемиски продукти со сомнителен квалитет. За да не се шири увозната дупка која станува се поголема, нормално за продукти кои порано ги произведуваше ОХИС. Гигантот од Кисела Вода, Скопје започна со работа во 1962 година, а градбата на неговите фабрики во првата фаза траеше уште четири години.
Од тогаш во крајот на минатиот век ОХИС постојано растеше, според некои мегаломански и предимензионирано што и било пресудно за неговиот крај. Во 2000 година ОХИС беше гигант во криза.
Имаше пет фабрики и тоа: Малон за производство и преработка на полиакрилно влакно, топл, боено влакно, штапел и трака. Фабрика за пластични маси што правела ПВЦ цевки, профили, гранулати, вештачки кожи, фолии, мешавини. Потоа фабриката „Билјана“ препознатлива по детегентот со кој пораснаа многу македонски генерации и други детергенти кои го переа цел Балкан. Фабриката што правеше и инсектициди и фунгициди, технички масла и базни хемикалии.Фабриката ПВА за емулзии, премази, бои, лакови и лепила. И фабрикаат ФОМ за процесна опрема, заварувања, гума пластика, полиестер, електромонтажа дури и градежништво.
И сега осумтте „ќерки“ на ОХИС: Филком, Трансфер, Фарм, ИЦН Аптеки, МЕТРА, ГЕС, ИЦН Македонија и Преспапласт од Ресен.
Сите тие заедно во 2,59 милијарди денари (над 42 милиони евра) приходи во 2000 година, но и загуба од 530 милиони денари (околу 9 милиони евра). Тоа е периодот кога ОХИС и покрај тоа што губеше позиции сепак беше силна македонска фирма која 40 отсто од својот приход од остварува од извоз. Многумина мислат дека клучна грешка е тоа што навреме додека компанијата имаше кондиција за производство и држеше пазари не најдоа стратешки партнер од таа индустрија што ќе биде чадор за реструктуирање на ОХИС. По неколку пропуштени прилики или неуспешни преговори, се изгуби интересот и по тоа веќе и немаше прилики за извлекување на гигантот од кризата што постојано се продлабочуваше.
Одреден период владите од различни политички провиниенции го толерираа ОХИС заради обезбедување на социјален мир и заради неговото бизнис опкружување во кое егзистираа помали домашни фирми. На крај ОХИС заврши како компанија што имаше поголем износ на оперативна загуба од неговиот вкупен приход од оперативни активности што секако е своевиден парадокс.
Затоа што фирма што има приход од 47,7 милиони денари продуцира годишна загуба од 62,4 милиони денари. Книговодствената вредност на акцијата на крајот на 2015 година беше – 428 денари што значи дека всушност со неговиот стечај се затвори големата вреќа во која е долгот на поранешниот хемиски гигант.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




