ОМД побара од Обама да ја притисне Грција да го почитува македонското малцинство
Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2016 17:00
Обединетата македонска дијаспора по посетата на Обама на Грција како дел од прошталната турнеја во Европа му испрати писмо во кое бараат од американскиот претседател дека во оваа земја не се почитуваат малцинските права, особено на македонското кое не е признато и не ужива никакви права. Токму тоа се коси со оценката на Обама дека Грција била лулка на демократијата.
- Во најавата на вашата посета, прес секретарот на Белата куќа рече дека Грција е „лулка на демократијата“ и дека направила многу за мир и просперитет во Европа и пошироко. Не се согласуваме со ваквата изјава поради сето она што им го направи Грција на Македонците и другите малцинства кои живеат во земјата. Грчката влада присилно исели десетици илјади етнички Македонци за време на граѓанската војна во Грција, а во неколкуте децении после тоа неколку десетици ја напуштија Грција поради економски и социјални репресии од грчките цивилни и воени власти. До денес грчката влада продолжува да ги негира правата на овие луѓе кои сакаат да си го вратат државјанството или имотите, само поради тоа што се идентификуваат како Македонци, се вели во писмото потпишано од Методија Колоски.
ОМд исто така посочи дека Грција не ја почитува пресудата од Меѓународниот суд кој донесе одлука дека Македонија неправедна била блокирана од членство во евроатлантските институции со грчкото вето.
Можеби ќе ве интересира
(ФОТО) ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува
Орце Ѓорѓиевски: Најавувам и целосна ревизија на работата на градската администрација
Рокас: Нема напредок во однос на судските реформи и борбата против корупцијата
Акција на ОЈО ГОКК и полицијата: Се вршат претреси на повеќе локации
АРСОВСКА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО ЃОРЃИЕВСКИ: Mу посакувам, пред сѐ многу здравје, а потоа чесно и посветено да го води градот





