„ОНА ШТО ГО ПОЧНАВМЕ ВЧЕРА НЕ Е МАРКЕТИНГ, ТУКУ ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА КОГА СЕ САКА, СЕ МОЖЕ“: Ѓорѓиевски тврди дека така ќе продолжи
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2025 12:12
Завршува времето кога Скопје беше град на депонијата. „Генералката“ нема да трае само 72 часа, туку ќе продолжи во континуитет, буквално секој ден, порача денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Во обраќањето на првата конститутивна седница на Советот на Град Скопје, Ѓорѓиевски истакна и дека акцијата за чистење што почна синоќа, не е маркетинг.
-Уште од вчера бевте сведоци дека од првиот ден по преземањето на градоначланичката функција, почнавме „генералка“ за чистење на нашиот главен град. И тоа нема да биде само 72-часовна акција, тоа ќе продолжи во континуитет, буквално секој ден. И она што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака, се се може. Тоа е всушност наша обврска, а за тоа граѓаните не плаќаат, потенцира Ѓорѓиевски.
Големата акција „72 часа чисто Скопје“ Ѓорѓиевски ја најави уште на 20 септември годинава, на партискиот настан што го организираа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кога беше промовиран како кандидат за градоначалник на Скопје, а почна да ја реализира веднаш по неговото официјално преземање на функцијата.
Акцијата стартуваше синоќа, од платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде беа паркирани десетици камиони, цистерни и механизација, подготвени за чистење на Скопје.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




