15 Декември, 2025
0.3773

Онеме ли ревизорот од шок? Државна фирма должи над 100 милиони евра, а од буџет „цица“ 8 милиони евра годишно!

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2023 10:40

Добивај вести на Viber

Ако се направи листа на најлоши државни фирми многу е веројатно дека на пиедесталот ќе биде Македонски железници – Транспорт. Иако и го променија името во Железници на РСМ Транспорт овој државен загубар продолжи со истото темпо. Иако во функција се само 14 од вкупно 62 влечни возила (локомотиви и возови) оваа компанија има долгови од 102 милиони евра, акумулирана загуба од 80 милиони евра, а во последниот достапен извештај независниот ревизор одбива да даде мислење! И покрај тоа Владата и дава директно 1,3 милиони евра и одобрува од Буџет да и се дадат уште 7,1 милиони евра како субвенции за патничкиот сообраќај

Дали државната компанија за железнички транспорт е буре без дно? Зошто Владата и одобрува средства, зошто од централниот буџет и исплаќаат над 8 милиони евра субвенциии од народни пари кога се знае дека независна ревизија одбива да даде мислење (дури и со резерва) за работењето на оваа компанија која должи повеќе од 100 милиони евра?

Извештајот за работењето во 2021 година (објавен неодамна на Македонската берза) покажува дека Железници таа година ја завршила со загуба од 4,5 милиони евра иако од Владата и од државниот Буџет добила субвенции поголеми од 8 милиони евра! И оваа загуба ја постигнале со само 14 локомотиви и возови од вкупно 62 влечни возила (очигледно дека за другите нема работа или се надвор од функција).

Еве го цитатот од независниот ревизор за тоа што „видел“ во финансиските книги на државното претпријатие за железнички транспорт:

„Воздржување од давање мислење поради значајноста на прашањата презентирани во пасусот „Основа за воздржување од давање на мислење“, ние не бевме во можност да прибавиме достатни и соодветни ревизорски докази како основа за изразување на ревизорско мислење. Следствено, ние не изразуваме мислење за финансиските извештаи на „Железници на РСМ Транспорт“ АД, Скопје со состојба на и за годината што заврши на 31 декември 2021 година подготвени во согласност со сметководсвените стандарди прифатени во Република Северна Македонија.“

Зачудува леснотијата со која Владата и Собранието одобруваат јавни – народни пари на оваа фирма. А во 2021 година одобриле над 8 милиони евра.

Од структурата на приходи на овој државен загубар се гледа дека таму има само една светла точка, односно само едно здраво ткиво. Тоа е делот за товарен сообрачај односно транспортот на стоки. Од оваа дејност компанијата инкасирала 12 милиони евра (во 2021 година) што е повеќе од половина од целиот приход.

Од патничкиот сообраќај друштвото остварило приход од 437.000 евра, а за таа дејност од државниот буџет добиле субвенција од 7,1 милиони евра. Дополнително од Владата добиле 1,3 милиони евра (веројатно за пост-ковид закрепување).

Како и да е, кога ќе се стави црта вкупните приходи во 2021 година изнесуваат 23,2 милиони евра и се за 4,5 милиони евра помали од вкупните расходи.

Вкупните расходи на друштвото изнесуваат 27,74 милиони евра и тие се направени така што во функција бил само 23 отсто од целиот возен парк!

Најголема ставка во трошковникот се платите на 890 вработени. Тие изнесувале 7,8 милиони евра. Втора ставка е услугата што ја плаќале за користење на пругите на другото државно претпријатие кое треба да ги одржува пругите. За таа намена се платени 6,7 милиони евра. Амортизацијата изнесува 5,1 милиони евра. За нафта на дизел локомотивите платиле 1,1 милиони евра, а за струја за електровозовите платиле 2,76 милиони евра. И на крај за камати на своите долгови друштвото издвоило 1,3 милиони евра.

Повеќе детали за тоа како работи оваа компанија на следните линкови https://mse.mk/Objavi/Repository/Announcement166/%D0%96%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20-%20%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%20%D0%90%D0%94%20%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5%20-%20Godisen%20Izvestaj%20202120230104131723.pdf

Објави од друштва на Слободен пазар - Железници на Република Северна Македонија - Транспорт АД Скопје - Ревидирани финансиски извештаи - 04.01.2023

Можеби ќе ве интересира

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети