15 Декември, 2025
0.0315

Оние кои прележале корона во последните година дена, се соочуваат со потенцијална смртоносна компликација: Ново предупредување од британски научници

Објавено во: Свет 27 Септември, 2022 11:12

Добивај вести на Viber

Ново предупредување пристигнува од британските научници, а е поврзано со ковид.

Имено, како што се наведува, луѓето кои прележале корона вирус се соочуваат со потенцијално смртоносна компликација.

Ковид го зголемува ризикот од згрутчување на крвта (тромби) опасни по живот - најмалку една година по инфекцијата, предупредија британските експерти

Згрутчувањето на крвта може да предизвика срцев удар, мозочен удар, белодробна емболија (ПЕ), длабока венска тромбоза (ДВТ) и, во најлош случај, смрт.

Истражувањето, објавено во Circulation, врз основа на анализа на 48 милиони медицински досиеја на луѓе со корона, покажа дека вирусот довел до дополнителни 10.500 срцеви удари.

Се верува дека вирусот предизвикал и неколку други компликации, како што се ДВТ и ПЕ само во Англија и Велс.

ДВТ е згрутчување на крвта што често се формира во ногата, додека ПЕ е згрутчување на крвта што го блокира крвниот сад во белите дробови.И двете состојби се сериозни и може да доведат до инвалидитет или дури и смрт.

- Засегнати се и луѓе со благи или умерени форми на корона - велат истражувачите.

Сепак, научниците од универзитетите низ Велика Британија истакнаа дека ризикот од згрутчување на крвта кај оние кои се заразени со корона вирусот е релативно мал и се намалува со текот на времето, пренесува порталот република.рс


Можеби ќе ве интересира

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса