15 Декември, 2025
0.0466

Оние што не биле сиромашни, се во ризик да западнат во сиромаштија - Светска банка за влијанието на кризата врз Македонија

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2020 11:01

Добивај вести на Viber

Светска банка изгледа дека е загрижена за македонската економија. Во нивниот најнов Ејономски извештај кој се однесува за Европа и Централна Азија предупредуваат дека нашиот раст ќе биде понизок отколку во сличните земји, а она што е накопасно, е што многу луѓед кои не биле сиромашни, сега можат да западнат во сиромаштија.  

Пандемијата силно ја погоди економијата: блокада, нарушени синџири на снабдување и продолжена неповолна епидемиолошка состојба дополнително ги намали веќе затемнетите изгледи, предупредуваат во Извештајот од Светска банка.

„Владините програми за поддршка на компаниите и граѓаните имаше донекаде влијание врз работниците и фирмите, но фискалниот простор се стесни, со тоа што нивото на долг се доближи до 60 проценти од БДП. За поблиска иднина има поголем број негативни ризици. Додека економските и социјалните мерките за санирање на кризата ќе бидат приоритетни, сепак се неопходни фискални, конкурентни, еколошки и реформите во управувањето, со цел закрепнување на земјата и пристапување во ЕУ“, се вели во извештајот.

„Долгот се зголеми на 59,5 проценти од БДП во јуни 2020 година“, се вели во извештајот. 

Светските банкари предупредуваат дека економијата се соочува со рецесија од 4,1 проценти во 2020 година, што ќе биде најголем пад од 2001 година. Контракцијата на побарувачката и понудата ќе направат кризата да има влијание врз сиромаштијата. На среден рок, растот се очекува да се врати, бидејќи епидемијата губи сила. Политичка стабилност по општите избори и започнување на преговорите за пристапување во ЕУ треба да ги зајакне реформите и довербата на инвеститорите, така што штом ќе заврши кризата, растот скока побрзо. Во ова сценарио на постепено закрепнување, растот во 2021 година се очекува да достигне 3,6 проценти, како што ќе се обновува потрошувачката и довербата на инвеститорите. Тоа ќе ја зголеми и лична потрошувачка, приватни инвестиции и извоз“, се вели во очекувањата на Светска банка.

Но, нагласуваат и потенцираат дека јавните финансии ќе треба да се вратат на одржлив пат на среден рок, за што треба да се одредат нови приоритети на јавното трошење. Неопходно е подолгорочно закрепнување и зајакнување на приходите преку кратење на трошењата. Од структурната страна, при ублажување на влијанието на краткорочната криза, решавање на нискиот и опаѓачки човечки капитал, слабата политика на конкуренција и судството, намалувањето на продуктивноста и зголемувањето на миграцијата ќе бидат од критично значење“, се вели во извештајот. 

Она што загрижува во извештајот е констатација на Светска банка, дека нашиот раст ќе биде понизок отколку нам сличните земји.

„И покрај зголемувањето на надворешната трговија и инвестициите, подобреното деловно опкружување и одржливата макроекономска стабилност за време на глобалната криза, економскиот раст во Северна Македонија е понизок отколку во слочни земји и 17 проценти од Македонците (користејќи го критериумот 5,5 долари на ден) за кои се предвидуваше дека сè уште ќе живеат во сиромаштија во 2019 година, и покрај трендот на опаѓање оттогаш 2009 година. Покрај тоа, голем дел од несиромашното население остана под ризик да падне во сиромаштија ако биде погоден од шок, како на пример сегашната криза КОВИД-19. Слаби вештини за образование и работна сила упорно го поткопуваат човечкиот капитал, што заедно со факторот на вкупна продуктивност биле најниски на Западен Балкан“, се вели во Извештајот.

Натаму, се нагласува дека само 50 проценти од работоспособните Македонци се вработени, додека е мала стапката на наталитет, а емиграцијата ја намалува работната сила. 

Во однос на управувањето, земјата ги следи своите „врсници“ во категории како што се политичка стабилност, глас и отчетност, владеење на правото и контрола на корупцијата.

„Конечно, сегашниот економски модел, дарежлив во јавната поддршка за раст, преку субвенции и широки даночни ослободувања, не е одржлив. Иако контрацикличните фискални политики помогнаа за раст и вработување, кризата КОВИД-19 ги ​​осиромаши фискалните бафери. Во меѓувреме, еколошките закани како загадувањето на воздухот и природните опасности ја загрозуваат благосостојбата на населението“, се вели во извештајот.

И покрај тоа што, по рецесијата во 2020 година, за 2021 година е проектиран раст, има уште многу неизвесност за времетраењето на пандемијата и нејзините влијанија. Фазата на задржување не е завршена и ќе има подолг период на политики за социјално дистанцирање, што ќе влијае врз приходите на домаќинствата и здравствените трошоци. Нарушените синџири на снабдување и пониската домашна и надворешна побарувачка би можеле да доведат до понатамошни отпуштања и зголемување на сиромаштијата, проширувајќи ги понатамошните тесни јавни финансии“, се вели во извештајот

Она што е сериозно предупредување, а на што деновиве укажуваат и домашните експерти, е дека се зголемува ризикот јавниот долг да се зголеми над 60 проценти од БДП. 

Спротивно на ова, пак, започнувањето на ЕУ пристапните преговори и политичката стабилност по изборите во јули може да обезбедат поттик за структурни реформи, што би ја зголемило продуктивноста и зајакнување на довербата на инвеститорите.

Од Светска банка потсетуваат дека силниот раст во 2019 година брзо се врати назад во средината на 2020 година, како што се одвиваше пандемијата. Растот се намали за 6,4 проценти до јуни: производството опадна за 16,1 проценти, со само неколку сектори што забележуваат раст. 

„Трговијата, туризмот и транспортот, главните двигатели на растот изминатите неколку години, паднааа за 12,3 проценти. Падот на приватната градба, пак, беше неутрализиран од јавните инвестиции во патиштата. Земјоделството и ИКТ забележаа робустен раст На страната на побарувачката, бруто инвестициите и приватната потрошувачка нагло паднаа, додека извозот се намали за една третина, скоро целосно објаснето со извозот поврзан со СДИ. Придружниот пад на увозот го намали притисокот врз дефицитот на сметка кој главно остана непроменет во споредба со 2019 година. И покрај поддршката на владата за ублажување на влијанието на кризата врз пазарот на трудот, до јуни, 17.690 луѓе останаа без работа. Стапката на невработеност од 16,7 проценти, се зголеми за прв пат од крајот на 2011 година“, се вели во извештајот.

Стапка на ликвидност на банкарскиот сектор во вториот квартал се зголеми заради мерките на централната банка. Кредитите продолжија да растат за 6,6 проценти до јуни, за сметка на домаќинствата и фирмите, поддржани од силен раст на депозитите и програмите за поддршка. 

„Нефункционалните заеми останаа непроменети на 4,6 проценти по мораториумот за рекласификација до декември. Банкарскиот сектор остана добро капитализиран (коефициент на адекватност на капиталот на 16,5 проценти) и покрај банкрот на една банка во август 2020 година. Инфлацијата остана на ниско ниво 0,5 проценти годишно до средината на 2020 година“, се вели во извештајот.

Се нагласува и дека фискалниот дефицит се зголеми тројно на 4,7 проценти од БДП до јули. Падот на ДДВ и акцизата и приходите од над 14 проценти беа годишно амортизирани нешто со социјалните придонеси, кои се зголемуваат со субвенционирањето за вработување од страна на Владата. Трошоците се зголемија за повеќе од 10 проценти, како расходите за здравје и шемите за субвенции насочени кон задржување на вработувањето, кои се зголемија.

Трошоци за плати и пензии исто така се зголемија, додека капиталното трошење се намали за една третина. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден