ОПАСНА ЈАПОНСКА ОДЛУКА го турна доларот на дно на амбисот
Објавено во: Економија 16 Јуни, 2016 12:48
Јенот зајакна до највисоко 21-месечно ниво во однос на доларот, откако Банката на Јапонија ја одложи одлуката за нови монетарни поттикнувања.
Банката се одлучила на овој потег бидејќи стравувањата поврзани за британската иднина во Европската унија ги погодија финансиските пазари.
Јапонската валута зема замав на 104,53 јени во однос на доларот, на највисоко ниво од септември 2014 година, после одлуката на одборот за монетарна политика на централната банка да 80 билиони јени „тежок“ програм за купување на активи го остави непроменлив, пренесе АФП.
Одлуката на Банката на Јапонија следи откако американските Федерални резерви синоќа го одложиле зголемувањето на каматните стапки и после предупредувањето на шефицата на ФЕД Џенет Јелен во поглед на економските и финансиски последици кои би ги имал евентуален излез на Британија од составот на ЕУ.
Нејзините коментари го турнаа доларот најниско во однос на јенот во американското тргување, при што загубите се зголемени откако јапонската банка одлучила да се воздржи од нови монетарни потези.
Новата рунда на ублажување на монетарната политика на Банката на Јапонија би влиајела на слабеење на јенот, што би наишло на одобрување на инвеститори кои бараат сигурни валути за своите вложувања.
„Јенот се купува бидејќи некои трговци очекувале ублажување, но банката сепак не направила никаков чекор“, вели Мартио Уеда, сениор дилер на компанија FX Prajm во Токио.
„Поради загриженоста во поглед на Брегзит, јенот веќе се купува повеќе од доларот“, додал тој.
Светските пазари се во превирање од минатата недела поради загриженоста во поглед на глобалната економска иднина, а во последните неколку дена се повеќе расте чувството дека на референдумот на 23 јуни Британците ќе гласаат за напуштање на ЕУ.
Еврото исто така значајно ослабна, спуштајќи се на Токиската берза на најниско ниво за повеќе од три години, на 117,84 јени, во однос на 119,17 јени на кој бил пред одлуката на Банката на Јапонија.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




