04 Мај, 2024
0.0279

Опасни по живот: Во овие 10 градови не смеете да патувате

Објавено во: Стил 27 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Убаво е да се патува низ светот и да се запознаваат нови култури и обичаи, но некои места се толку опасни што на туристите им се советува таму никако да не одат, а едно од десетте најопасни е и некогашната туристичка дестинација Акапулко, пишува Huffington Post.

Како што пренесува сајтот, домот од највеличенствените плажи на светот, Акапулко повеќе не е едно од најпопуалрните туристички места во Мексико: денеска на тамошните плажи туристите кои одмораат се бројат на прсти, а пост-апокалиптичните глетки на изрешетани мртви тела во конфликтот на нарко-картелите станаа секојдневна појава на улиците на градот.

Уште едно царство на нарко-картелите во Мексико е градотo Чичуахуа , кој е главниот пат за шверц на кокаин во САД и таму секако не треба да се оди во туристичка посета, додава Huffington Post.

Но, на прво место е Баркисмето во Венецуела, град со нешто повеќе од милион жители и богата универзитетска историја.  Иако некогаш бил многу популарна туристичка дестинација, денес таму убиства се случуваат секој ден и толку е опасен да туристите напросто го заобиколуваат.

Латинска Америка прилично е застапувана во истаржувањето, со што причината за насилство е поврзана со шверцот на дрога:  во Бразил се наоѓаат 14 градови со највисок процент на насилство во светот. Далеку најопасен меѓу нив, поопасен дури и од Рио де Женеиро, е главниот град на Алагоас Мачио, со 135 убиства годишно на 100 илјади жители.

Кали во Колубија исто така е едно од таквите места. Но, една од највисоките стапки на убиства во светот ги има Дистрито Центарл во Хондурас, а таа тажна статистика е резултат на екстремната сиромаштија и развиена мафија.

Пешавар во Пакистан е преполн со величенствени историски споменици и паркови кои го одземаат здивот, но честите напади врз безбедносните сили и бомбашките самоубијци направиле од него еден од најопасните градови во светот, а посебно несигурен е за странци.

Како уште една дестинација со висок ризик на најопасните градови во светот е градот Јемен Сан.

Не е заобиколена и Африка, континентот со долга историја на насилства и војни. Градот Могадиши во Сомалија и главниот град на Кенија Наироби се сместени во најопасните дестинации во светот. Наироби е посебно опасен за жени, но на неговите улици ноќе не би требало да се движи никој ако сака да сочува жива глава.

Иако се сите овие места наоѓаат во некои од најубавите региони во светот и содржат бројни знаменитости кои би биле вредни да се посетат, опасноста од залутан метак во чело е толку голема во градовите што би требале да ги избегнувате.