„Опел“ става клуч на една од главните фабрики во Германија
Објавено во: Свет 25 Март, 2013 09:29
Збрзан процес ќе спроведе производителот на автомобили „Опел“ за затворање на фабриката во Бохум, која е една неговите клучни фабрики во Германија, до крајот на 2014 година, односно порано од претходно планираното.
Ваквата најава следи откако синдикатите го отфрлија предлогот фабриката во Бохум да остане отворена до крајот на 2016 година, во замена за замрзнување на платите и други мерки за штедење.
- Предвидуваме дека производството ќе биде прекинато порано, уште во 2014 година, изјави претставник на „Опел“.
Во рамки на договорот постигнат кон крајот на февруари со американскиот гигант „Џенерал Моторс“, кој е сопственик на „Опел“, германската компанија понуди да продолжи со производството на автомобили во Бохум до крајот на 2016 година, а потоа фабриката да продолжи да произведува автоделови и да функционира како логистички центар со 1.200 вработени, наместо сегашните 3.200.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




