Добивај вести на Viber
Опозицијата вечерва низ поголемите градови во државата излезе на едночасовни протести во знак на протест од настаните од пред Нова Година, кога, како што велат на недемократски начин беше изгласан Буџетот за 2013 та година. Масовно беше во Прилеп, Битола Скопје. Пратеникот
Ѓорѓи Сугаревски и порача на Владата дека нема да простат за тоа што се случуваше:
-Поминаа десет дена, а Јанкуловска вели не ги тепавме новинарите, но зошто го прекршија и Уставот и деловникот, зошто ги отстранија новинарите. Овде нема парламентарна демократија туку Владин терор. Нема да им простиме на Дулиќ и на ВМРО ДПМНЕ зошто не нарекуваа мајмуни. Ќе се собираме дури не падне овој партиско полициски режим, изјави во Прилеп Сугаревски.
Во Битола пратеничката
Весна Бендевска побара победничка 2013 та година
- Денес сме пак тука и од денес секој ден ќе бидеме тука, за да кажеме доста е и за да кажеме дека 24-ти декември не беше само ден за крај на македонската демократија. 24-ти декември беше и почеток на новата македонска борба за слобода и секој ден ќе сме тука заедно „Сојузот за иднината“, битолчани, сите Македонци, за да кажеме доста е, одете си Македонија заслужува повеќе, Македонија заслужува слобода. На сите оние што на 24-ти декември го погазија 8-ми септември 91-ва им порачуваме овде ќе сме, со своите тела, со својот здив и крв ќе ја браниме Македонија колку што треба дури да заминат. Сите заедно кажуваме доста е - порача таа.
Во Скопје медиумскиот работник
Роберто Беличанец, им посака на насобраните да ги држи инаетот и оваа година и да не се откажуваат од давањето отпор.
- Денеска гледам повеќе новинарите на улица Македонија, отколку на медиумите, како последица на газењето на медиумската слобода. Кога паѓа слободата, прво паѓа онаа на изразувањето. Уште ли да соработуваат новинарите и Владата, како што порача Јанкуловска, по нападите врз фелата. Треба да внимаваме на полицијата, а не да соработуваме со неа. Треба да ги повратиме заедно институциите, кои ни се одзменени, да размислиме за подобар медиумски протсор, откако оваа влада ќе падне. Во градењето клучен фактор е да не дозволиме вакви медиуми со кои се гасат светлата - рече Беличанец.
Протестите на опозицијата ќе продолжат и во наредниот период.