Добивај вести на Viber
Американската ТВ водителка Опра Винфри, секогаш беше на врвот на топ листите на најбогати ѕвезди во шоу-бизнисот, но повеќе не е така.
"Huffington Post" пишува дека Опра е симната на петтото место од страна на Џулија Луис-Дрејфис, која е најпозната по улогата на Илејн, во хумористичната серија "Sienfeld". Нејзиното богатство се проценува на 3 милијарди долари, што е за 300 милиони повеќе од Опра.
Но, богатството на Џулија не се должи само на заработката од снимањата, важно е да споменеме дека таа воедно е и богата наследничка, а нејзината фамилија има милијарди.
Воедно, глумицата се наоѓа на четвртото место, веднаш под славниот режисер Стивен Спилберг, кој исто така заработи 3 милијарди.
Сепак, на првото место убедливо води режисерот Џорџ Лукас со заработка од 7,3 милијарди долари заради продажбата на франшизата "Star Wars" на студиото "Disney".
Листата на 10-те најбогати шоумени изгледа вака:
1. Џорџ Лукас: 7,3 милијарди долари
2. Дина Мерил: 5 милијарди долари
3. Стивен Спилберг: 3 милијарди долари
4. Џулија Луис-Дрејфис: 3 милијарди долари
5. Опра Винфри: 2,7 милијарди долари
6. Џејми Гертц: 2 милијарди долари
7. Ендру Лојд Вебер: 1,2 милијарди долари
8. Мерв Грифин: 1 милијардa долари
9. Џеј Кеј Роулинг: 1 милијардa долари
10.Џери Сајнфилд: 800 милиони долари
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: