24 Април, 2024
0.0244

Опра Винфри е прогласена за најмоќна славна личност по петти пат

Објавено во: Стил 26 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Американската телевизиска водителка Опра Винфри по петти пат е на врвот на листата на најмоќни славни личности според рангирањето на магазинот „Forbes“. Таа две години беше на второ место на оваа листа, а сега го освои тронот.

„Само тројца луѓе се постојано на нашата листа од 1999 година. Тоа се Опра, Хауард Стерн и Спилберг“ - изјави Дороти Померанц од Форбс.

Меѓу првите десет на листата на„ Форбс“, 6 се жени.

Опра Винфри минатата година заработила 77 милиони американски долари, што сепак, не и' овозможува да ја предводи и листата на богатите славни личности со најголеми заработувачки во една фискална година.

Но, Форбс објасни дека првата позиција на нивната листа на моќни славни личности, ја добила поради нејзината позиција во Холивуд и присутноста во печатот, социјалните мрежи и на ТВ.

Во изминатите 12 месеци најмногу заработила Мадона 125 милиони долари, а Лејди Гага 80 милиони.

Меѓу лидерите според своето влијание се вброени и пејачката Бијонсе, како и режисерот Стивен Спилберг, додека минатогодишната лидерка на оваа листа, американската поп дива Џенифер Лопез годинава падна на 12-то место.

Првакот на „Форбс“, Опра Винфри стана славна во 1986 година откако започна емитувањето на нејзиното телевизиско шоу коешто стекна неверојатна популарност. Во мај 2011 година, Винфри го прекина емитувањето на шоуто и се посвети на развивањето на сопствениот телевизиски канал „Oprah Winfrey Network“. Покрај тоа, Винфри се јавува и како издавач на списанието „Oprah Magazin“ кое e попознато како „О", а исто така во нејзина сопственост е и сателитската радио станица „Oprah Radio“.

 

 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган