ОПРАВДАНИ СТРАВУВАЊА: Германија ќе изгуби 45 милијарди евра при „Brexit“
Објавено во: Економија, Свет 14 Мај, 2016 14:01
До почетокот на 2017 година германската економија ќе загуби 45 милијарди евра при излегување на Британија од ЕУ. Тоа ја покажува анализа на германската „DZ Bank“ (Германската централна кооперативна банка).
„Негативниот ефект ќе се почувствува уште во втората половина на оваа година. Според кризното сценарио за Германија ќе настапи блага рецесија околу Нова година“, изјави економистката на банката Моника Бовен.
Според анализата, бруто домашниот производ (БДП) на Сојузната република за 2017 година нема да се зголеми за очекуваните 1,7%, а само за 0,5 отсто. За оваа година растот нема да биде 1,8%, туку 1,4 отсто или загуба од 45 милијарди евра.
„За германската економија на коцка е ставено премногу, бидејќи Велика Британија е еден од нашите најважни трговски партнери“, рече Бовен со оглед на најавениот референдум на 23 јуни на Островот.
Според сегашните анкети британските гласачи се раздвоени по прашањето за или против излегувањето на земјата од ЕУ.
Минатата година Германија извезе за Британија стоки за 90 милијарди евра, што е рекорд. Поголем бил извозот само за САД и Франција.
„Извозот за Велика Британија во 2015 година значително придонесе за стабилизирање на германската конјунктура. При „Brexit последиците за германскиот извоз ќе се чувствителни“, посочи Бовен.
Според неа вистинските последици за Британија при „Brexit“ требало да се почувствуваат по неколку години, но Германија ќе да настрада уште сега.
„Ова е ѓаволски круг - девалвација на валута, паѓање на курсеви на пазарот на акции и уплашени странски инвеститори. Тоа би довело до празнење во финансискиот сектор, што ќе се одрази катастрофално на реалната економија“, предупредува економистката.
Таа не ја исклучува и сеопфатната криза во ЕУ, ако Велика Британија излезе од Унијата. Имало голема опасност да се појават сомневања во врска со иднината на Европа, како и на еврозоната. Тоа требало да доведе и до политичка криза со болни последици.
„Една политичка криза во ЕУ најверојатно ќе доведе до опипливи турбуленции на финансиските пазари“, не иг крие стравувањата Моника Бовен.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




