20 Декември, 2025
0.0609

ОПСАДНА СОСТОЈБА КАЈ НОВИ ПАЗАР ПО УБИСТВОТО НА ВАХАБИСТОТ РАМОВИЌ: Полицијата не дозволува да се пријде

Објавено во: Балкан 18 Август, 2024 07:47

Добивај вести на Viber

Опсадна состојба е во селото Хотково во околината на Нови Пазар откако оваа сабота во судир со полицијата загина вахабистот Сенад Рамовиќ Бечан.

Како што дознава Euronews Србија, Рамовиќ одбил да се предаде и при апсењето пукал во полицијата, поради што припадниците на Специјалната антитерористичка единица го ликвидирале.

-Целата населба е блокирана, а полицијата не дозволува да се пријде, јавува репортерот на Euronews Србија.

Во селото на територијата на Нови Пазар влегла само итната екипа која ја констатирала смртта на Рамовиќ.

Вехабистот Сенад Рамовиќ Бечан е убиен синоќа во судир со полицијата во близина на дивиот премин кај административната линија со Република Косово, во областа Нови Пазар. Тој претходно беше осуден на 13,5 години затвор за тероризам, а во една прилика изјави дека подготвува терористички напад во Белград.

Беше уапсен во 2007 година по вооружена пресметка со полицајци во селото Трнава кај Нови Пазар. Тогаш беа уапсени уште 14 соработници на Рамовиќ.

Тие беа обвинети за планирање на убиството на тогашниот муфтија Муамер Зукорлиќ, како и за подготовка на терористички напади во Белград и Нови Пазар.

фото: Euronews Print Screen

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација