Општина Центар со 2,3 милиони евра наплата на данок, Арачиново со „чиста нула“.
Објавено во: Економија 08 Март, 2021 11:23
Општина Центар е локалната самоуправа со најголема сума од наплатен данок на имот 2,3 милиони евра, покажува студијата на Центарот за граѓански комуникации, додека Арачиново е единствената без ниту еден денар од овој начин на финансирање затоа што нема даночно одделение.
Станува збор за просечни годишни суми од 2019, 2018 и 2017, а тука Центар е прв со 2.302.666 евра, пред Карпош со 2.027.145 и Аеродром со 1.371.700 евра годишно во просек од данок на имот. Во Топ-5 се уште две скопски општини - Кисела Вода со 1.332.851 и Гази Баба со 1.239.583 евра.
Уште две општини имаат над милион евра од оваа даночна ставка, а тоа се Охрид со 1.057.261 и Битола со 1.027.596 евра. Помалку од милион евра, но повеже од 500.000 евра имаат Куманово, Илинден, Кавадарци, Прилеп, Струга, тетово, Ѓорче Петров, Бутел, Чаир о Штип.
Најуспешни во процентот на наплатата на овој данок се Росоман и Ресен, најмалку успешни, Студеничани и Маврово и Ростуше. Доколку се земе предвид наплатата на данокот на имот само од граѓаните, тогаш на врвот е Општина Карпош со наплатени 1,5 милион евра
Центар Жупа и Зрновци немаат ниту 10.000 евра годишно од наплата на данок на имот, а Арачиново не ни наплатува ваков данок, бидејќи нема база на податоци на даночни обврзници, ниту има формирано даночно одделение, поради што и не издава даночни решенија.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




