Општина Центар со две пресуди треба да врати 1,5 милиони евра
Објавено во: Македонија 12 Април, 2022 07:30
Општина Центар го откажала спроведувањето на проектот „Паметна општина“ поради страв од испразнета каса, затоа што добила две судски решенија за враќање на 1,5 милиони евра.
Општината на почетокот од годината пријавила дека се соочува со непредвидена промена на годишниот буџет па поради тоа се откажува од Интегрираниот систем за паметно осветлување, паркирање и административна дигитализација.
„Се работи за два предмети. Во однос на доверителите, во едниот предмет е градежна компанија, а во вториот се работи за физичко лице. Средствата сѐ уште не се исплатени од страна на општината. За двата предмети во процедура е подготовката на жалбите до надлежните органи“, гласи одговорот кој го добивме од Општина Центар, без при тоа да ги именуваат субјектите против кои засега го губат спорот.
Двете пресуди Општината ги добила на 09.11.2021 година и 30.11.2021 кои доспеваат за плаќање во следниот временски период. Со првата пресуда Општината била задолжена да исплати паричен износ од 72.238.172 денари со вклучена камата сметано од 2016 година. Оваа пресуда произлегла од повторена по ревизија претходно правосилно завршена постапка, по која во 2018 година врз основа на налог на извршување од овластен извршител присилно бил наплатен износ од над 90.000.000,00 денари од сметката на Општина Центар како должник,Пред три години тогашниот градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, соопшти дека општината ќе си врати назад над 94 милиони денари од фирмата “Пелагонија“ од Гостивар. Поради суштествени повреди на постапката и погрешна примена на материјалното право, по поднесената жалба од Општина Центар на пресудата на Апелациониот Суд од 11.5.2018-та година, Врховниот Суд одлучи постапката помеѓу општината и претпријатието “Пелагонија“, која беше отворена поради стопирање на изградбата на катната гаража кај НИП Нова Македонија, да биде вратена на почеток.
Со другата пресуда проследена на ден 30.11.2021 година, Општина Центар била задолжена да исплати паричен износ од 27.827.898 денари со камата со правен основ надомест на штета. Општината не сака да го именува физичкото лице.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




