Општински службеници од областа Атика на протеси во Атина
Објавено во: Балкан 19 Ноември, 2012
Општинските службеници од областа Атика, кон која припаѓа и грчката престолнина Атина, денеска ја запираат работата и планираат под целосна опсада да ги стават структурите на локалната самоуправа во знак на протест против владините мерки за штедење, соопшти грчкото радио.
Штрајкот е организиран од синдикатот на општински службеници и неговата кулминација ќе биде денеска, бидејќи денеска истекува рокот што им беше даден на раководствата на локалните самоуправи за да испратат списоци со имиња на луѓето чии работни места ќе се укинуваат и на таквите кои „ќе бидат ставени на располагање“.
Владата планира да создаде работна резерва во која ќе „прелее“ 40.000 службеници од администрацијата, кои ќе бидат скастрени во подоцнежната етапа од процесот.
Протестите на опшинските службеници ќе продолжат и утре.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.