19 Декември, 2025
0.0510

ОРБАН СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА: Веројатно ќе го задржи двотретинското мнозинство во Парламентот

Објавено во: Свет 09 Април, 2018 08:06

Добивај вести на Viber

Партијата на актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан убедливо победи на вчерашните оарламентарни избори во Унгарија,а според проекциите неговата партија би можела да освои двотретинско мнозинство во парламентот.

Врз основа на изброените 69 отсто од гласовите, партијата на Орбан , Фидес освоила речиси половина од гласовите 49,51 отсто.

Партијата на Орбан, според гласовите веројатно би имала 134 од вкупно 199 места.

На второ место е десничарската партија Јобик која освоика околу 20 отсто од гласовите односно 27 мандати во парламентот, наведува агенцијатаМТИ.

Следи коалцијата на социјалистите и партијата Дијалог за Унгарија со речиси 12 отсто од гласовите, ЛМП со 6,47 отсто и ДК со 5,32 отсто од гласовите.

За Орбан квалификуваното мнозинство во парламентот ќе овозможи поставување на уставни промени.

 „Земјата е портокалова“ (бојата на Фидес), пишува на првата страница во ноќта спроти понеделникот Index.hu, еден од главните вести сајтови на унгарскиот печат, чиј премиер е обвинет дека го задушува плурализмот во изминатите осум години како премиер. 

Европските партнери не побрзаа да го поздрават 54-годишниот лидер чии националистички ставови против "имиграциската инвазија", мултикултурализмот и наводната интервенција на ЕК во внатрешните работи на Унгарија, се главоболка за Брисел. 

Но, Виктор Орбан не е изолиран случај. Оној кој издигна 2015 година стотици километри бодликава жица, за да ја блокира нелегалната миграција и кој ги споредува бегалците со терористи, е поддржан од миграциската политика на неколку европски метрополи.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела