15 Декември, 2025
0.0463

Орце го доби уверението, Данела не го пречека: Почнуваме со чистење вечерва во 20.30 часот

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2025 12:24

Добивај вести на Viber

Орце Ѓорѓиевски официјално седна во градоначалничката фотелја на Скопје откако го доби уверението, без да биде пречекан од досегашната градоначалничка Данела Арсовска на примопредавањето на канцеларијата.

Доскорешниот градоначалник на Кисела Вода им порача на скопјани дека градот ќе биде исчистен за 72 часа, а сметањето на времето треба да започне од вчерва о0д 20.30 часот.

„Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје. Но, истовремено е и голема обврска да работам одговорно, посветено и силно, со јасна визија, конкретни резултати и многу дела.

Благодарен сум за секоја поддршка, за секој скопјанец што препозна искреност, посветеност и дела зад зборовите. Ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на верска, национална, партиска или било каква припадност.

За мене поделбите не постојат - она што е моја водилка е обезбедување на подобра иднина и достоинствен живот за сите. И тука нема да се штедам. Го имате мојот збор!

Скопје, почитувани, го менуваме од корен! Уште од вечерва, во 20:30 часот, започнуваме со првата голема акција, а тоа е за 72 часа да го исчистиме Скопје, токму како што ветив.

А утре, започнуваме со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на состојбите во нив, за градот конечно да функционира како што скопјани заслужуваат.

Скопје ќе добие и нови проекти а дел од нив ги започнуваме во наредните денови - инвестиции во инфраструктурата, образованието, спортот, животната средината, но ја враќаме и транспарентноста - Скопје конечно ќе биде отворен град“, објави новиот градоначалник.


Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“