18 Декември, 2025
0.0388

АЛАРМ: Организирани групи крадат бакарни кабли па снемува интернет и телевизија

Објавено во: Економија 02 Јули, 2021 07:32

Добивај вести на Viber

Растот на цената на бакарот е клучната причина за се позачестените кражби на бакарни кабли од телеком операторите во земјава. Трендот што веќе станува аларманетен прави сериозни штети за компаниите, но пред се за граѓаните кои поради ваквите случувања се соочуваат со прекини во услугата на интернет и телевизија. Фактор открива мрежа на организирано дејствување на кражби на бакарни кабли кои потоа завршуваат на пазарот и се продаваат за се повисока цена.


Се случувале речиси секојдневно во последните два месеци кога и зачестиле, иако такви случаи имало и претходно. Полицијата ги евидентира настаните, но крадците тешко се откриваат. На терен останува уништена инсталација која за да се поправи е потребно време, а штета трпат и корисниците на комуникациски услуги.

Од Македонски Tелеком за Фактор потврдуваат дека во последниот период зачестено се соочуваат со оштетени шахти и украдена и оштетена подземна инфраструктура. Сведочат дека имало најмалку 10 големи оштетувања кои нанеле значителна штета од над сто илјади евра, но и прекин на услугите, кои поради конфигурацијата на шахтите и начинот на кои се скинати каблите тешко се воспоставуваат повторно. Тврдат дека репарацијата затоа, трае подолго.


„Материјалната штета за санирање на состојбата по кражбите е голема, но вистинскиот губиток и најголема штета од ваквите кражби, освен на компанијата, им се нанесува на  афектираните корисници, приватни и деловни,  на кои насилно им се прекинати нашите услуги и со тоа неопходните комуникации. Компанијата работи на брзо санирање на штетите и  воспоставување на услугите. Исто така, работиме интензивно и на замена инфраструктурата со оптика, со што корисниците ќе добијат побрза и постабилна интернет конекција“, велат од компанијата. 

Од Телеком за Фактор потврдуваат дека во 10-те поголеми кражби, кои се претежно во Скопје и една во Битола, на повеќе локации украдени се бакарни кабли со различен капацитет. Во компанијата имаат детали за секоја поединечно, а сите податоци се заведени и во полициските записници.


Во Скопје има неколку приватни компании кои вршат откуп на различни видови метали, меѓу кои и бакарот. Се откупуваат стари возила, отпад од електрична и електронска опрема, разорен материјал и други видови на отпад. По преработката се прават секундарни производи – суровини од челик, бакар месинг, железо или алуминиум.

Инаку бакарот се рециклира без никакво губење на квалитетот како од сурова состојба, така и од производи. Во обем, овој метал е трет најмногу рециклиран по железото и алуминиумот. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје