Оштетени се кафулиња и дуќани во експлозија во Косовска Митровица
Објавено во: Балкан 09 Јуни, 2023 15:42
Експлозија денеска одекна во Косовска Митровица.
Експлозијата се случи на плоштадот „Адем Јашари“ во јужниот дел на Косовска Митровица. Нема повредени, соопшти полицијата.
Портпаролот на полицијата Авни Захити изјави дека се оштетени прозорците на две кафулиња.
„Околу 3.20 часот било пријавено дека на плоштадот „Адем Јашари“ од експлозија биле оштетени стакла на две кафулиња и дуќани. Освен материјална штета, нема извештаи за повредени, истрагата е во тек“, рече Захити.
Последниве неколку недели на Косово беше тензично. Имаше судири во Звечан поради градоначалниците Албанци, кои требаше да стапат на функција, а се избрани на избори кои Србите ги бојкотираа. Србите бараат формирање на Заедница на српски општини, но и косовските специјалци да се повлечат од северот.foto Wikipedia/Jan Pešula
Можеби ќе ве интересира
ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО СВОЈАТА МАИЦА: Каква порака испраќа?

(ВИДЕО) БРОДСКА НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Загинаа седум луѓе меѓу кои и три деца

СЕ УРНА ТАВАН НА ГРАДИНКА: Три деца се повредени во Босна

(ВИДЕО) НАВРНА ДОЖД КОЛКУ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ: Апокалиптични сцени во Грција

(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ ДОМОВИ: Водата носеше автомобили на грчки острови

(ВИДЕО) НЕПРОСПИЕНА НОЌ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО: Експлозија го потресе Звечан

ПОПЛАВЕНИ ДЕЛ ОД ОСТРОВИТЕ ВО СОСЕДНА ГРЦИЈА - Миконос и Парос најпогодени, надојдените води влечат автомобили (ВИДЕО)

СРБИЈА ЌЕ ДОБИЕ 111 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ - по усвојување на реформите се реализираат најавите од планот за раст на Западен Балкан
