Оскарите низ бројки и факти
Објавено во: Стил 24 Февруари, 2013 18:59
-7 500 рака, -6 500 лепчиња во форма на познатата статуетка, -5 000 мини чоколатца Оскар, -1 500 шишиња Шампањско вино, -1 300 школки, -1 250 јастози, -4, 5 кг златна прашина која се јаде, -5 кг врвен американски кавијар
Оскарот низ бројки
Самата статуетка Оскар тежи 3,6 кг, висока е 33 см. Оваа филмска награда е востановена во 1929, значи Оскарот има 84 години. Годината кога започнало доделвањето на Оскарите влезницата чинела 5 долари. Денес на доделувањето се влегува само со покана.
Најдолгото тв шоу досега е доделувањето на Оскарите во 2002та кое траело 4 часа и 23 минути, а накраткото е во 1959та, траело 1час и 40 минути.
Најмладата и највозрасната актерка се натпреваруваат за Оскар
Наградата за најдобра актерка годинава ќе биде посебно интересна затоа што би можела да ја добие најмладата или највозрасната актерка досега. Емануел Рива за улогата на Ана во филмот Амур ја доби номинацијата на 85 годишна возраст. Досега највозрасна е Џесика Тенди која доби Оскар на 80 години.
Кувензан Балис има само десет години, а ако добие Оскар во категоријата најдобра актерка, ќе биде најмладата, но и втора Афроамериканка по Хали Бери која го освоила ова признание.
Дензел Вашингтон доколку ја добие најпосакуваната филмска статуетка, ќе стане првиот Афроамериканец кој двапати го добил Оскарот.
И Македонци во трката за Оскар
За крај, за нас интересно е што повторно македонска екипа може да се закити со Оакр. Македонското студио за анимација и визулени ефекти Фх3х и годинава имаат номинација. Во филмовите: Животот на Пи, Прометеј и Одмазници номинирани се за Оскар за визуелни ефекти. Покрај ова, работеа и на филмот Клетници кој годинава е во кокуренција за најдобар филм.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





