07 Октомври, 2024
0.0478

Ослободувањето на обвинетите од „Сопот“ е дел од Тиранската платформата, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 20 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ со соопштение до јавноста потенцира дека ослободување на обвинетите во случајот „Сопот“ беше една од точките во платформата потпишана во Тирана на 7 јануари минатата година.

„Една година подоцна СЈО ги ослободи со образложение дека немало докази. Кој го минираше патот Сушево-Сопот по кој на 4 март 2003 година се движеше конвојот на НАТО, одговор нема.  Кој ја набави и подметна експлозивната направа во месноста Божја Дупка, од чија детонација животите ги загубија припадниците на полскиот контингент, Павел Легински и Фјодор Никуловски, и цивилот Крунислав Кипријановски, одговор нема. Кои се првите луѓе на МВР, БЈБ и УБК одговорни за истрагата и дали тие знаеле за информациите изнесени денеска? Дали ќе има одговорност доколку СЈО верува дека тогашната власт ја монтирала истрагата? Дали ќе има одговорност за судиите кои тогаш го воделе предметот бидејќи, според Катица Јанева, суделе без докази?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението додаваат дека платформата се реализира, а скандалите се покриваат со монтирани обвиненија во кои уметници, режисери, актери, пратеници без никакви докази се прогласуваат за терористи. Според нив, не постои никаква основа политички обвинетите за настаните од 27 да останат во притвор.

„Денеска Врховниот суд на Република Македонија ќе одлучува по приговорите на неправедно обвинетите патриоти. Нема ниту еден правен аргумент зошто на овие луѓе би им се продолжила мерката притвор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се додава и дека судот треба да се води исклучиво врз основа на закон, а не да исполнува желби на одредени центри за моќ.Судот мора да одлучува врз основа на аргументи, а не политички!

„Судот не смее да си поигрува со законите и судбината на патриотите. Судот конечно мора да излезе од ќорсокакот во кој се наоѓа и да најде начин и сила да спречи секакви политички влијанија“, стои во денешното соопштение на опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме