Османи: Го живееме еден од најтажните денови во поновата историја на земјата
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2021
Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи вечерва на прес - конференција изјави дека денес го живееме еден од најтажните денови во поновата историја на земјата.
Вели дека е активирана работна група која ќе биде во координација со цел справување со оваа голема трагедија.
„Во текот на денот, овозможивме измена на ковид протоколите, со што граѓаните, односно членовите на семејставата можеа да патуваат без никакви ограничувања. Се активираше СОС телефон, и беа контактирани сите семејства на загинатите, но и повредените“, рече Османи.
Испратени се двајца искусни дипломати во Софија, со што се зголемува човечкиот капацитет на нашата амбасада. Тие ќе помогнат во процесот на идентификацијата. Од МНР ќе помогнат и ќе организираат и пренос на телата во земјава.