14 Јули, 2024
0.0694

Османи: Уставното име на државата е Република Северна Македонија и секоја употреба на друго име е надвор од Уставот

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи во техничката влада, Бујар Османи, денеска информираше дека на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува на 13 и 14 јуни во Скопје, ќе присуствува грчката заменик-министерка за надворешни работи, Александра Пападопулу, со која ќе има билатерална средба на која ќе разговараат, како што рече „за сите прашања од билатерален интерес“.

На денешната прес-конференција во МНР по повод Самитот, Османи одговарајќи на новинарски прашања, рече дека Преспанскиот договор е јасен по однос на употребата на името на државата. 

- Преспанскиот договор е јасен по однос на „erga omnes“ употребата на името на државата и тој е спореден по однос на уставната обврска што ја имаме сите ние. Уставното име на државата е Република Северна Македонија и секоја употреба на друго име е надвор од Уставот, ирелевантно станува во однос на Преспанскиот договор, рече Османи.

Тој упати, како што рече, „бесплатен совет до Владата“.

- Може да сте биле против, може да сте против, но, тоа е реалност, тоа е дел од нашиот уставен поредок, дел од Уставот и мора да се почитува, рече тој.

Во однос на почитување на одредбите од договорот во врска со употребата на името, Османи потенцираше дека нема простор за различни интерпретации на Преспанскиот договор. 

- Согласно Преспанскиот договор придавката македонски може да се користи само во етнички контекст, не во државен. Сè што е македонски се однесува на македонската етничка заедница и оттука мислам дека треба да се почитуваат тие одредби бидејќи отвораат нови прашања. Исто е и по однос на името на државата  и мислам дека најкоректниот однос е да се каже ние можеби имаме, имавме разлики, но, тоа е реалност, рече министерот.

Дополни дека доколку Владата има начин да ја смени реалноста, тоа може да го направи бидејќи, како што рече, е демократски процес, но, нагласи дека додека тоа не го направат, реалноста, односно Уставот, мора да се почитуваат.

- Вие може да имате став дека во иднина ќе работите да го смените името, Преспанскиот договор, како што се вели дека ќе ја сменат преговарачката рамка. Меѓутоа, до тогаш, треба да почитуваат, рече Османи.

Информираш дека немаат добиено никаква официјална реакција од Грција, и рече дека се во комуникација.

- Јас уште дента ставот на МНР го кажав по однос на обврските што двете држави ги имаме од договорот. Преспанскиот договор е повеќе од договор за името, тоа е договор за стратешка соработка, рече тој.

Во однос на позициите на Софија, тој рече дека се не нерелевантни.

- Јасно се утврдени правилата на игра во преговарачката рамка и тие позиции може да бидат за потребите на домашната сцена. Не се влошени, ниту подобрени, но, немаат некое значење во однос на преговарачкиот процес бидејќи јасно се утврдени правилата на игра во тој процес и тоа го прави процесот предвидлив за нас, што е многу важно за земја која што аспирира да стане членка, рече Османи.

На Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) ќе земат учество ќе земат делегациите на 13 учесници на Процесот, претставници на Европската Унија и Регионалниот совет за соработка (RCC). 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: OЈО отвори истрагa, 40-годишен маж ги издрогирал малолетниците до бесознание со лекови и алкохол

ФАКТОР НА ДЕНОТ: OЈО отвори истрагa, 40-годишен маж ги издрогирал малолетниците до бесознание со лекови и алкохол

ЈАНЧЕВ: Oбезбедени се два авиони, три хеликоптери, шест цистерни, пет големи булдожери, три багери и една утоварна за пожарот во неготинско

ЈАНЧЕВ: Oбезбедени се два авиони, три хеликоптери, шест цистерни, пет големи булдожери, три багери и една утоварна за пожарот во неготинско

СВР СКОПЈЕ: Maлолетниците искршиле дел од инвентарот и се повредиле

СВР СКОПЈЕ: Maлолетниците искршиле дел од инвентарот и се повредиле

АКАДЕМИЈА ЗА СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ: Габер-Дамјановска си поднесе оставка

АКАДЕМИЈА ЗА СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ: Габер-Дамјановска си поднесе оставка

ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ: Под итно да се повикаат 7 владици од МПЦ.ОА во Собранието, да попрскаат со светена вода, да окадат со темјан

ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ: Под итно да се повикаат 7 владици од МПЦ.ОА во Собранието, да попрскаат со светена вода, да окадат со темјан

OJO: Скопјанец осомничен за тешки дела против здравјето и излагање на опасност на деца

OJO: Скопјанец осомничен за тешки дела против здравјето и излагање на опасност на деца

ДЕТЕТО Е ВО ТЕШКА СОСТОЈБА: Случаен минувач нашол бебе оставено во центарот на Велес

ДЕТЕТО Е ВО ТЕШКА СОСТОЈБА: Случаен минувач нашол бебе оставено во центарот на Велес

ССНМ: Да запрат прес-конференциите на отворено среде топлотен бран

ССНМ: Да запрат прес-конференциите на отворено среде топлотен бран

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ДИЈАСПОРАТА ВО ЊУЈОРК: Да се обединиме во градењето на иднината на Македонија

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ДИЈАСПОРАТА ВО ЊУЈОРК: Да се обединиме во градењето на иднината на Македонија