05 Декември, 2025
0.0654

Основачот на Фејсбук купи 4 куќи „затоа што му се може“!

Објавено во: Стил 12 Октомври, 2013 21:05

Добивај вести на Viber

Сакате ли како корисници на Facebook право на простор и приватност!? Веројатно и ако саката нема да го добиете . Но извршниот директор на најголемата социјална мрежа во светот за компензација може да се шири колку сака на својот простор, уште повеќе откако ги купи четирите соседни имоти до неговиот сегашен дом , објавија San Jose Mercury News . Марк Цукерберг платил над 30 милиони долари за куќите, а  еден од  имотите чини 14 милиони долари . Според најмладиот милијардер, тој немал намера да го шири својот стан, туку ги дал куќите на луѓето кои живеат во нив. Тој ги купил имотите, за да го спречи претприемачкиот план , според кој едната куќа ќе биде урната и на нејзино место да биде изграден друга , поголема , како и пазар. Основачот на Фејсбук, потроши 7 милиони долари за својот имот , во кој живее со својата сопруга Присила . Неговото богатство се проценува на 19 милијарди долари , па тој навистина може да си дозволи да потроши 30 милиони евра, за да го запази својот личнен простор од “натрапници“, коментираат локалните медиуми.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: