31 Март, 2025
0.0293

ОСНОВАНО БАЛКАНСКО УЧИЛИШТЕ ЗА ЕНЕРГЕТИКА

Објавено во: Економија 17 Декември, 2022 09:08

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Северна Македонија (РКЕ), заедно со регулаторните тела од Италија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора го основаа Балканското училиште за енергетика (БУЕ) по иницијатива на Регулаторното тело за енергетика, мрежи и животна средина на Италија (АРЕРА). Главна цел на Балканското училиште за енергетика е да овозможи едукација за најновите текови во енергетиката за претставниците на регулаторните тела, операторите на преносните системи, операторите на пазарите на енергија, како и други чинители во енергетскиот сектор. Меморандумот за основање е потпишан од страна на сите пет земји основачи, меѓу кои е и РКЕ.

„Енергетиката е во фокусот на вниманието на целиот свет и целото општество кај нас, а регулативите во овој сектор постојано се надградуваат и усогласуваат со цел да се обезбеди сигурност, стабилност во испораката на енергенси. Фокусот на едукација на новоформираното училиште ќе биде насочен кон развојот на мрежите за електрична енергија и природен гас, интеграцијата на обновливите извори за енергија и спојување на пазарите во рамките на енергетската транзиција и преку интензивно градење на капацитети и размена на знаењата. Токму размената на искуства и споделувањето на знаење како ефикасно се спроведува ЕУ регулативата е неопходно, затоа што освен што се демонстрира единство во борба со предизвиците, во исто време кога ЕУ се бори со енергетски криза се дава и креативен простор за дискусија за решенија како да се заштитат ранливите граѓаните, а да се обезбеди сигурна и стабилна испорака на енергенси.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

БУЕ потекнува од успешното искуство од проектот на Програма за размена на знаења (Know How Exchange Programme), промовиран и координиран од АРЕРА во последните 4 години во рамки на програмата која е финансирана од Централна европска иницијатива. 

Инаку, за прв претседател на Балканското училиште за енергетика е избран Стефано Саглиа, кој е член на одборот на Регулаторното тело за енергетика, мрежи и животна средина на Италија АРЕРА.


Можеби ќе ве интересира

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНО ЧОКОЛАДО ВО ГЕРМАНИЈА - може да содржи метални делчиња, сите кои го купиле да го вратат

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНО ЧОКОЛАДО ВО ГЕРМАНИЈА - може да содржи метални делчиња, сите кои го купиле да го вратат

„БЛОКИРАЊЕТО НА ДРУГИТЕ САМО ЌЕ ГИ ПОПРЕЧИ ВАШИТЕ ПАТИШТА“: Кина сака преговори, но подготвена е да се бори

„БЛОКИРАЊЕТО НА ДРУГИТЕ САМО ЌЕ ГИ ПОПРЕЧИ ВАШИТЕ ПАТИШТА“: Кина сака преговори, но подготвена е да се бори

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

ММФ прогнозира смирување на војната во Украина

ММФ прогнозира смирување на војната во Украина

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС