Оставкa „падна“ откако се запали Домoт за стари лица во Тузла каде загинаа 12 луѓе
Објавено во: Балкан 05 Ноември, 2025 16:28
Дванаесет луѓе загинаа во пожарот што зафати дел од зградата на Домот за стари лица во босанскиот град Тузла, додека над 30 лица побараа медицинска помош во Универзитетскиот клинички центар. Пожарот избувнал на седмиот кат од деветкатната зграда од причини кои сè уште не се јасни. Според извештаите, на катот биле сместени пациенти кои биле неподвижни и на кои им била потребна нега, некои со тешка деменција и канцер.
Градоначалникот на Тузла, Зијад Лугавиќ соопшти дека меѓу повредените има и пожарникари, полицајци, болничари и персонал во домот за стари лица.
Директорот на Домот за стари лица во Тузла, Мирсад Бакаловиќ, утрово поднесе оставка од својата позиција. Домот за стари лица во Тузла е изграден во 1980-тите години. Со години се даваа предупредувања за овој дом, но никој ништо не направил. Трагедијата е дополнително продлабочена од шокантниот факт дека најранливите корисници – лица со деменција и тешки форми на канцер – беа сместени на повисоките катови, каде што избувна пожарот. Јавноста го поставува прашањето кој и врз основа на која логика ја донел одлуката да ги смести тешко болните лица на петтиот, шестиот и седмиот кат од зградата, што драстично ги намали нивните шанси за евакуација. Корисниците на домот и нивните семејства, како и некои политичари во Тузла, со години предупредуваат за лошите услови во Домот за пензионери, но властите останаа глуви.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС
ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини
Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти
АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)
ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден
„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС
(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија
Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!




