Остров каде нема автомобили и мобилни телефони
Објавено во: Стил 23 Февруари, 2019 18:52
Нихау e најмалиот населен остров на Хаваите, со површина од околу 179 квадратни километри на западниот брег на Кауаи.
Според пописот во 2009 година, на островот живеат околу 130 луѓе, но се претпоставува дека бројката во меѓувреме пораснала на 250.
Нема ни изградени патишта, хотели и супермаркети; еднаш неделно на островот пристигнува брод кој ги пренесува потребните намирници, а во случај на опасност на располагање е хеликоптерот на сопствениците, додека коњите и велосипедите се главните транспортни средства. Жителите немаат мобилни телефони ниту вода, а електричната енергија се добива преку соларните панели. Температурите преку целата година се движат помеѓу 20 и 30 Целзиусови степени.
Островот Нихау уште се нарекува и „забранет остров” затоа што е во приватна сопственост, а до него се стигнува само доколку ви испратат приватна покана. Кралот Камехамеха го продал Нихау во 1863 година на Елизабет Синклер за околу 10 илјади американски долари, а нејзините наследници – фамилијата Робинсон – управува со островот повеќе од 100 години.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





