ОСТВАРИЛЕ ПРИХОДИ, АМА ГИ ЗГОЛЕМИЛЕ И ПЛАТИТЕ – извештајот на МАПАС открива како сработиле минатата година
Објавено во: Економија 03 Јули, 2024 07:37
Трошоците и вкупните буџетски приходи и расходи на Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување или попозната како МАПАС, за 2023 година се во Собрание. Годишниот извештај на Агенцијата открива дека во неа вработени се 32 лица, од кои тројца исто така се Претседател и внатрешни членови на Советот на Агенцијата.
Нивниот годишен извештај открива дека во текот на минатата година просечната плата во оваа државна компанија би била 54 илјади денари, додека членовите на советот земаат малку повеќе или скоро 60 илјади денари месечен надоместок.
Но, да одиме по ред.
Извештајот открива дека минатата година, оваа институција потрошила за плати 34.268.891 денари, во кои се вклучени платите за вработените, платите за функционерите и персоналниот данок.
Бројките покажуваат дека само за функционерските плати – плати на членови на советот каде се пет лица се потрошени 3.438.584 денари, што е за 279.890 повеќе од 2022 година.
Што се однесува пак до платите за вработените во МАПАС, за нив издвоени се 19.099.507 денари, каде исто така има зголемување, бидејќи во 2022 година за нивните плати биле потрошени 17.535.649 денари.
Бројките говорат дека петте членови на Советот, меѓу кои се и тројца вработени во МАПАС делат по 57,300 денари месечно. Додека останатите вработени, 29 лица делат по 54.800 денари месечно. Персоналниот данок е издовен од платите.
Исто така и придонесите за ПИОМ, за здравствено осигурување, за дополнително здравствено и придонес за вработување се одвоени од платите на вработените и за нив се пресметува посебно.
Во извештајот е потенцирано дека платите и придонесите од плата на вработените и именуваните лица се регулираат согласно важечките законски прописи и интерните акти на Агенцијата.
- Согласно законските измени и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, со Агенцијата раководи Советот на експерти, кој е составен од Претседател на Советот, два внатрешни и два надворешни члена. Претседателот и внатрешните членови се редовно враобтени во Агенцијата, така што вкупниот број на вработени во Агенцијата изнесува 32 лица – се наведува во извештајот.
Притоа е нагласено дека според податоците во табелата „се забележува отстапување во однос на претходната година, а се должи на зголемување на плата на вработените во Агенцијата“.
Во годишниот изветшатај исто така е напоменато дека во текот на минатата година Агенцијата имало остварено приходи над расходите, кои се распределуваат во резервниот фонд.
- За 2023 година нето добивката изнесува 32.957.027 денари, а акомулираната нето добивка изнесува 228.296.571 денари – се напоменува во извештајот.
П.О.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




