29 Април, 2024
0.0252

Осум грешки кои никогаш не смеете да си ги допуштите на Linkedin

Објавено во: Стил 08 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Што правите со профилот на LinkedIn? Само го проверувате од време на време, кога ќе примите покана за врска? Дали го поврзавте со профилот на Twitter? Колку и да е непријатно да ги поврземе профилите на Facebook Twitter, Tumblr и Instagram, LinkedIn има посебна намена: тој создава мрежа на професионални контакти, пишува Forbes. Има разлика меѓу професионалните и лични контакти, тврди експертот за кариера во LinkedIn Никол Вилијамс. "Постојано гледам исти грешки!" вели таа. Но во LinkedIn овие грешки може да и наштетат на вашата кариера. Всушност податоци покажуваат дека LinkedIn помага особено многу за наоѓање на високоплатена работа - "неформално пребарување на вработени" и е меѓу омилените методи на менаџерите на човечки ресурси кои бараат кандидати за овој вид позиции. Значи без разлика дали сте во потрага по нова работа, сакате максимално да ја искористите сегашната позиција или пак едноставно се информирате за професионалните можности на пазарот во моментов, никогаш не дозволувајте следните осум грешки во LinkedIn: Без слика Според Вилијамс ова е една од најголемите грешки. "Веројатноста некој да разгледа профилот, ако имате слика, е седум пати поголема. Исто како куќи за продажба, претпоставката е дека ако нема слика, нешто не е во ред", вели таа. Освен тоа без слика е многу потешко за специјалисти за човечки ресурси да запамтат кој е кој, кога имаат работа со неколку кандидати. Несоодветна слика "Без кучиња, сопружници и бебиња", категорична е Вилијамс, и додава дека целта на сликата е да ве покаже во најдобра светло како професионалец, а не на приватен план. Друга грешка која е поврзана погрешното претставување на изгледот. "Често постари луѓе, загрижени од возрасна дискриминација ставаат свои слики од времето кога биле на 30-ина години, но службениците кои ги интервјуираат не очекуваат тие да изгледаат толку различно. И наместо да слушаат вашите одговори, тие мислат дека лажете ", раскажува Вилијамс. Промашен статус Статусот на LinkedIn е местото каде што можете да ги споделите своите професионални достигнувања и напредок. "Можете да ја објавите информации за колега кој добил зголемување, или пак да ги споделите одлична статија која сте напишале", посочува Вилијамс. "Менувајте својот статус во неколку дена, за да биде актуелен - тоа покажува дека сте активни и ангажирани - никој нема дознае она што сте направиле, ако не го споделите", додава таа. Користењето на стандардни покани за врски "Не користете стандардни покани за врски! Луѓето мислат дека LinkedIn е како Twitter, каде што количината е поважна од квалитетот, но кај LinkedIn целта е да се градат вредни професионални контакти со цел можност за развој на кариера", објаснува Вилијамс. Дури и ако сакате да се поврзете со човек, кој никогаш не сте сретнале, точниот чекор е претходно да истражите за тој човек и да испратите специјална покана кон него. "Испрати приватна порака, за примателот да разбере дека сакате да се поврзете токму со него, на пример:" Го прочитав овој Ваш напис ... Јас, исто така развивам кариера во оваа област и би сакал да контактирам со вас ", вели Вилијамс. Занемарување на прилагодувањата за приватност Многу луѓе не сфаќаат дека LinkedIn има поставки за приватност и има добра причина за тоа. "Кога барате нова работа и сте активно ангажирани со сегашната работа е важно да бидете дискретни", објаснува Вилијамс. Еден од сигналите за работодавачите дека планирате да го напуштите, е ако си го промените профилот, ако контактирате со компании бараат вработени или пак во профилот имате ненадеен наплив на нови луѓе. Можете да си ги промените опциите, па шефот да не види дека пребарувате можности за промена на позицијата ". Прескокнување на сумирани информации Во минатото во биографиите беше прифатено луѓето да вклучуваат краток опис на "цели". Тоа веќе не е модерно ... но не и во LinkedIn. "Бидејќи пишувате онлајн, всушност имате повеќе простор отколку во традиционалните биографии. Сватете го ова резиме на информации како начин да се продадете - тоа е можност да изрази својот глас и личност", објаснува Вилијамс. Бидејќи за иста работа има толку многу кандидати со слична образование и квалификации, пополнување на полето со резиме информации може да ви даде предност пред кандидатите за работодавачите. Вилијамс препорачува оваа информација да биде пополнета во прво лице, за да има енергија и индивидуалност. Елиминација на претходни работи или доброволни активности Дури и да сте го менувале полето на професионално докажување, Вашата последна работа не е единствената важна позиција која сте ја заземале. "За разлика од автобиографијата, каде што се обидувате да наведете една страница од неа на одредена позиција, тука треба да ја опишете целата своја професионална кариера", вели Вилијамс. "Не знаете какви критериуми бараат луѓето, па затоа е важно вашиот профил да е можно посилен", советува таа. Користење на професионални групи Многу луѓе мислат дека само да имаш профил е доволно, но веројатноста работодавците едноставно да влезат во вашиот профил и да се збунат од тоа колку сте паметни и веднаш да ви понудат работа, е многу мала. Треба да работите за таа цел. "Секогаш препорачувам луѓето да се придружуваат на професионални групи или дури и во групи од лични интереси. Ова е корисно!" вели Вилијамс. Корисниците на LinkedIn може следат и компании и да следат што се случува - кога ќе видите дека некој напушта некоја фирма, за која сакате да работите, ова е идеална можност да се поврзете со нивниот оддел за човечки ресурси, советува експертот