Oсум професионални играчи на „Call of Duty“ заработиле над 100 илјади долари
Објавено во: Стил 20 Јули, 2013 20:30
Од појавувањето на играта „Call of Duty: Black Ops 2”, во ноември минатата година, осум играчи имаат заработено повеќе од 100.000 долари.
Според податоците кои ги анализираше репортерот за електронски спортови Емил Хиксон, 33 играчи заработиле повеќе од 10.000 долари за осум месеци откога се појави играта. Хиксон ги објави податоците во „Бизнис инасјдер“ со намера да го разбие митот дека електронските спортови се успешни само во Јужна Кореја, каде игрите како „Starcraft 2" и "League of Legends" станаа вистински култен феномен. Собраните податоци се однесуваат на заработката од турнирите одржани во САД и Велика Британија, во организација на Major League Gaming, Gfinity и уште некои организации.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





