Oсумнаесет директори на јавни претпријатија може слободно да бидат разрешени
Објавено во: Економија 30 Јануари, 2019 15:34
Направено е истражување од Центарот за граѓански комуникации, при што е дојдено до заклучок за претпријатијата во државна сопственост дека просечното ниво на транспарентност и отчетност односно исполнувањето на законските обврски и добрите стандарди, изнесува само 28% од можни 100%.
Исполнети се услови за разрешување на 18 директори на јавни претпријатија, од кои 6 основани од Владата, а 12 од локалните власти, поради необјавување извештаи од работењето.
Ниту едно од 30-те најголеми претпријатија во државна сопственост, чии вкупни годишни приходи надминуваат 700 милиони евра, нема високо или солидно ниво на транспарентност (исполнување на обврските над 60%).
Претпријатијата основани од Владата имаат просечно ниво на транспарентност од 31%, а претпријатијата основани од општините 27%.
На врвот на ранг-листата со највисоко ниво на исполнување на обврските, и тоа од само 52%, е ЈП за државни патишта, а на дното со 0% се наоѓа АД Градски трговски центар.
Речиси половина од претпријатијата ги немаат објавено ниту имињата на членовите на управните и на надзорните одбори. Ниту едно претпријатие основано од Владата или од општините не објавува информации за седниците на управните одбори.
Обврската за задолжително објавување на плановите за јавни набавки со сите измени и дополнувања не ја почитуваат дури 67% од претпријатијата.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




