Добивај вести на Viber
Росанда Маневска од скопската населба Ченто, за влог од по 40 денари, ќе вози автомобил ПОЛО. Интересна е приказната како таа стаса до клучевите од овој автомобил.
Нејзиниот брат Мишо, вљубеник во инстант игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, си купил лоз Среќни тркала. Радосно ги забележал четирите тркала на лозот кои се сигурна гаранција за добивката, автомобилот Поло во Инстант лотаријата Среќни тркала. Мишо клучевите од добиениот автомобил заедно со автомобилот и ги подари на неговата сестра, поради тоа што тој има авотмобил, а неговата сестра не. Сега и двајцата задоволни може да уживаат во силата на семејната среќа и да се радуваат на оваа убава добивка.
Тајната на инстант лозот Среќни тркала е во полето за гребење да откриете четири симболи на тркала. Согласно интересот на играчите за возилата од брендот Волксваген, втората серија на Среќни тркала ја реализираме со Порше Македонија, кои се дел од успехот на овој инстант лоз.